Лоис Абинг (родена на 13 август 1992) — холандска ракометарка која игра на позицијата лев бек за Ростов-Дон и за холандската репрезентација.
Кариера Клупска кариера Абинг ја започнала својата кариера во својата родна Холандија каде играла за две екипи В&С Гронинген и Е&О Емен. Со Е&О Емен во сезоната 2009-2010, Абинг била најдобар стрелец во Холандската Ередивисие. Од 2010 година таа ја започнала својата кариера во странство, а нејзиниот прв клуб надвор од холандските граници бил германскиот Олденбург. Во својата прва сезона таа учестувала во Купот на ЕХФ, каде со својот тим стигнала до полуфиналето и постигнала вкупно 60 голови во десетте натпревари. Во јули 2014 година, Абинг потпишала за романскиот Баја Маре со што добила можност да заигра во екипа која се натпреварувала во Лигата на шампионите. Во 2015 година со клубот го освоила Купот на Романија. По две сезони во Баја Маре, откако романскиот клуб се распаднал таа му се приклучила францускиот на Иси Париз Ханд за сезоната 2016-2017. Абинг била најдобар стрелец на клубот и во двете сезони (во двете сезони била трет стрелец во француското првенство) поминати во Иси Париз, но не успеала на клубот да му донесе трофеј. Во 2018 година таа го потврдила својот трансфер во рускиот тим Ростов-Дон за да може повторно да игра во Лигата на шампионите.
Репрезентативна кариера Во 2011 година, Абинг била клучен играч на холандската репрезентација кој стигнала до финалето на Европското првенство под 19 години, каде биле поразени тесно од Данска со 27-29. Таа постигнала 65 гола на турнирот и ја освоила наградата за најдобар стрелец.
Една година претходно, таа учествувала на Европското првенство 2010 со сениорската репрезентација на Холандија на возраст од само 18 години и оттогаш е постојан член на репрезентацијата на лалињата. Таа ја претставувала Холандија на четири Светски првенства (освојувајќи сребро во Данска 2015, и бронза во Германија 2017) на две Европски првенства (освоила сребрен медал во Шведска 2016) и на едно издание на Олимписките игри (четврто место во Рио 2016). На Светското првенство 2017 таа била избрана во All-star тимот (како најдобар лев бек на турнирот) и исто така таа била втор стрелец со 58 постигнати гола.
Титули
Клупски Олденбург Куп на Германија (1) : 2012
Баја Маре Куп на Романија (1) : 2015
Ростов-Дон Суперлига на Русија (1) : 2019 Куп на Русија (1) : 2019
Репрезентативни Светско првенство: 15px|Златен медал Златен медал: 2019 15px|Сребрен медал Сребрен медал: 2015 15px|Бронзен медал Бронзен медал: 2017 Европско првенство: 13px|Сребрен медал Сребрен медал: 2016 15px|Бронзен медал Бронзен медал: 2018
Поединечни Најдобар стрелец на холандското првенство: 2010 Најдобар стрелец на Европското првенство за жени под 19 години: 2011 Ол-стар лев бек на Светско првенство: 2017 Најдобар стрелец на Светско првенство: 2019
Наводи
Надворешни врски
Лоис Абинг на eurohandball.com
Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Холандски ракометарки Категорија:Ракометарки на Ростов-Дон