right|thumb|300px|Вулканска ерупција мини|264x264пкс|Облак од вулканска пепел кој достигнал височина до 19 километри, во тек на климатската експлозија на планината Пинатубо на Филипини во 1991. Вулкан — отвор или пукнатина во Земјината кора низ кои магмата избива на површината како лава. Вообичаено, тие се јавуваат по должината на границите на плочите на кората: повеќето вулкани се наоѓаат во појас наречен Тихоокеански Огнен Прстен, кој се протега по должината на работ на Тихиот Океан. Вулканите може да бидат класифицирани според јачината и честотата на нивните ерупции. Неексплозивните вулкански ерупции, главно, се јавуваат таму каде што плочите на Земјината кора се одвојуваат една од друга. Овие ерупции создаваат многу течна базалтна лава, која брзо се шири низ пространата област и создава релативно рамни конуси. Најаките ерупции создаваат густа лава и можат да исфрлат во вид на експлозии, облаци од прав и пироконгломерати. Лавата тече непосредно пред да се излади и затоа гради конусни вулкани со стрмни страни. Некои вулкани создаваат лава и ерупции од пепел, што градат сложени вулкански конуси. Вулканите што имаат чести ерупции се наречени активни, а тие што имаат ретки ерупции се нарекуваат заспани и тие што прекинале со еруптирање се наречени изгаснати вулкани. Една од поедноставните дефиниции е според каталозите на Глобалната вулканска програма е дека активен вулкан е оној што избувнал од последното ледено доба наваму (т.е. во минатото ~ 10.000 години), заспан (неактивен) вулкан е оној кој не избил во изминатите 10.000 години, но кој се очекува повторно да еруптира а изгасен вулкан е оној од кој не се очекува повторно да еруптира. Честопати е тешко да се утврди кои вулкани се изгасени и кои се неактивни. Причината за ова е дека вулканите можат да поминат децении, стотици години, па дури и стотици илјади години пред да избувнат. Некои вулканолози како неактивни ги класифицираат вулканите кои не избувнале во последните 10.000 години (крајот на последното ледено доба и почетокот на Холоценот). Освен вулканите, во други појави поврзани со вулканските региони се и гејзерите, жешките минерални извори, солфатарите, пукнатините во вулканскиот конус од кои избива само чад и пареа и врелите базени со кал.
Големите ерупции можат да влијаат на температурата, бидејќи пепелта и капките на сулфурна киселина го прикриваат сонцето и ја смируваат пониската атмосфера на Земјата (или тропосферата). Тие исто така ја апсорбираат топлината што зрачи од Земјата, со што се затоплува горната атмосфера (или стратосферата). Историски гледано, вулканските зими предизвикуваат климатски промени со катастрофален глад. Потекло на поимот Зборот вулкан (латински: vulcanus, италијански: vulcano, со значење „планина што гори“ ) се смета дека потекнува од вулканскиот остров Вулкано, како дел од Липарските (Еолски) Острови од Италија. Името на островот потекнува од името на Вулкан, бог на огнот во римската митологијаDavis A. Young (January 2016). "Volcano" . Mind over Magma: The Story of Igneous Petrology..
Видови на вулкани Вулкан — отвор, или пукнатина во површината на планетата, или кора која дозволува врели растопени смеси од метали, пепел и гасови да излезат од под површината. Начинот на кој лавата излегува од вулканот не е секогаш ист, при тоа се создаваат разни форми на вулканите. Тие се: Стромболски: создаваат приближно правилен конус, имаат единствен канал за излевање и ерупцијата е многу бурна. Вулкански: создаваат приближно правилен конус, но главниот излезен канал се шири во неколку помали канали, а ерупцијата, исто така, е многу бурна. Хавајски: создаваат широк конус и мала височинка, со многу течна лава и не многу бурна ерупција. Пелешки: лавата е многу густа и како што излегува создава цврст столб. мини|Вулканот Фуџи во Јапонија
Некои од најголемите вулкани во светот
* Сѐ уште активни
Вулкан Височина Место Котопакси 5897 м Еквадор Еребус 3794 м АнтарктикЕрта Але 613 м ЕтиопијаЕтна 3350 м Италија Фуего 3763 м Гватемала Фуџи 3776 м Јапонија Килауеја 1237 м Хаваи Килиманџаро 5895 м Танзанија Кракатао (нов) 832 м Индонезија Ласен Пик 3186 м Калифорнија Лјулјаилако 6583 м Чиле Мануа Лоа 4158 м Хаваи Невадо дел Руиз 5400 м Колумбија Њирагонго 3469 м ДР Конго Охос дел Саладо 6893 м Чиле - Аргентина Орисаба 5700 м Мексико Попокатепетл 5452 м Мексико Стромболи 926 м Италија Теиде 3718 м Канарски Острови Везув 1270 м Италија Виљарика 2840 м Чиле
Создавање на вулкани мини|Мапа која ги покажува дивергентните граници на плочите заедно со скорешни субаеријални вулкани.
Вулканите се места од каде што излегува вжарен карпест материјал од внатрешноста на земјата. Овој материјал понекогаш доаѓа од длабоките зони на кората, каде се стопил како последица на покачување на температурата и притисокот. Во други случаи, стопената маса потекнува директно од внатрешната обвивка. Вулкани нема на сите места, туку само на оние каде активноста за соединувањата (фузија) — посилна затоа што една плоча на кората се урива. Ова се случува, на пример, на сите брегови на Тихиот Океан, каде што кората навлегува под континентите. Во Атлантскиот Океан активноста е многу помала зашто се создава нова коpa.
Вулканската активност вклучува истиснување на карпите со тенденција да формира планини или некакви форми на планини во одреден период на време. Вулканите обично се наоѓаат онаму кај што имаме разделување или судирање на тектонските плочи. Средноатлантскиот гребен има примери за вулкани кои се предизвикани од „дивергентни тектонски плочи“ кои се разделуваат, а додека Тихоокеанскиот Огнен Прстен има пример за вулкани кои се предизвикани од „конвергентни тектонски плочи“ кои се судираат. За контраст, вулканите обично не се создадени каде две тектонски плочи се лизгаат една покрај друга. Вулканите исто така може да се формираат онаму кате имаме истегнување и истенчување на Земјината кора како кај африканските раседи, изворот на сиво-чистоводните вулкански јазови и јазот на Рио Гранде во Северна Америка, како и јазовите на реката Рајна во Европа со нејзините Ајфелови вулкани. Вулканите исто така можат да бидат предизвикани од „корини пера“. Овие т.н жешки точки, на пример Хаваите, можат да настанат далеку од границите на плочите. Вулкани на „жешки точки“ можат да се најдат било каде во Сончевиот Систем, посебно на планетите и месечините на кои има многу карпи. мини|Вулканот Кливленд на Алеутските Острови на Алјаска, фотографиран од Меѓународната вселенска станица, мај 2006
Тектонски плочи и жешки точки
Дивергентни граници на плочите Во средноокеанските гребени, две тектонски плочи се раздвојуваат една од друга. Нова океанска кора се формира од жешката лава, која бавно се лади и се стврднува. Во средноокеанските гребени кората е многу тенка како последица на растегнувањето кое настанува од двете плочи. Ослободувањето на притисокот, поради тенката кора води кон адијабатска експанзија и делумно растопување на крилото. Ова топење го произведува новиот океански гребен. Повеќето плочи што се разделуваат се наоѓаат на дното на океаните, па по тоа може да се заклучи дека поголемиот дел од вулканската активност се одвива под водата, формирајќи нови подводни подови. Црните димни завеси или длабоките морски шахти се пример за овој тип вулканска активност. Онаму каде што средноокеанскиот гребен излегува над морското ниво, се појавуваат на вулкански острови, како на пример Исланд.
Конвергентни граници на плочите десно|мини|Ерупција на Етна во 2007,вулканска пепел и лавини бомби. Подземно-канални зони се места каде што се судруваат две плочи, најчесто океанската плоча и континентална плоча. Во овој случај, океанската плоча прави канали или ги спојува, под континенталната плоча, притоа формирајќи длабок океански ров вон копното. Кората тогаш е стопена од жештината на обвивката и така настанува магмата. Тоа е така поради составот на водата која ја намалува температурата на топење. Магмата создадена овде има тенденција да биде многу леплива поради големото присуство на кварц во нејзиниот состав, па многу често не стигнува на површината и се лади на дното. Кога стигнува на површината се формира вулкан. Типичен пример за овој тип на вулкани е планината Етна и вулканите од Тихоокеанскиот Огнен Прстен.
Врели точки
Жешките точки вообичаено не се сместени на гребените од тектонските плочи, туку над перата, каде се случува пренесувањето на жештината (во гас или течност) каде од Земјината обвивка се создава столб од жешок материјал кој расте додека не стигне до кората, која тежнее да биде потенка за разлика од други места на Земјата. Температурата на перото ја топи кората и со тоа го предизвикува создавањето на канали преку кои ќе тече магмата. Бидејќи тектонските плочи мрдат таму каде што перата остануваат на исто место, секој вулкан на тоа место станува прекриен и после некое време нов вулкан се формира како резултат од преминувањето на плочата над жешката точка. Хавајските острови се смета дека се настанати токму така, како и рамнината Снејк Ривер, со Јелоустоунската калдера (кратер кој настанал од езерото Тоба, со експлозија на купата или колапс во средината на вулканот), како дел од северноамериканската плоча која во моментот е над жешка точка.Foulger, G.R. (2010). Plates vs. Plumes: A Geological Controversy . Wiley-Blackwell. ISBN 978-1-4051-6148-0.
Одлики на вулканот десно|мини|Пукнатината на Лакагигар на Исланд, извор на најголемото климатско пореметување во 1783–84 Најопштата форма на вулканот претставува конусната планина, која исфрла лава и отровни гасови од кратерот на врвот. Ова опишува само еден од типовите на вулкани, па и одликите на вулканите кои се покомплицирани. Структурата и однесувањето на вулканот зависи од бројни фактори. Некои вулкани имаат грапави врвови формирани од лавини куполи, наместо врв и кратер, бидејќи некои претставуваат форми на копното, како на пример масивни висорамнини. Каналите од кои излегува вулкански материјал (лава, односно магма која излегла на површината), пепел и гасови (најчесто пареа и гасови од магмата), можат да бидат сместени било каде на површината. Повеќето од овие канали ги раѓаат помалите вулкански конуси како Пуу Оо на вулканот Килауеја на Хаваи.
Други типови вулкани вклучуваат криовулкани (или ледени вулкани), како повеќето од месечините на Јупитер, Сатурн и Нептун и калливи вулкани, кои се создадени по пат кој не асоцира на познатите магматски активности. Активните калливи вулкани тежнеат кон помали температури отколку огнените вулкани, освен во случај кога калливиот вулкан е канал од огнен вулкан.
Вулкански пукнатини Вулканските пукнатини (отвори) се рамни, линеарни пукнатини низ кои избива лава . мини|Скјалдбрејдор, штитест вулкан на Исланд
Штитести вулкани
Хаваи и Исланд се примери за места каде вулканите исфрлиле големи количини на базална лава во големи отворени ерупции, кои потоа создале широка планина со профил на штит. Нивните изливи на лава се најчесто многу жешки и многу течни. Еден од најголемите штитести вулкани на Земјата, Мауна Лоа, се издига од 9.000 м од дното на океанот и има пречник од 120 км. Така го образува големиот остров Хаваи, долж други штитести вулкани како Мауна Кеја и Килауеја. Олимп на Марс е исто така меѓу најголемите штитести вулкани, познат како најголема планина во Сончевиот Систем. Помалите варијанти на штитести вулкани вклучуваат и лавини конуси и ритчиња.
Најголем штитест вулкан, а воедно и најголем вулкан во на Земјината топка е масивот Таму, во северозападниот дел на Тихиот Океан.
Јагленисани конуси