Софија Лаличиќ (р. 1984 година) ― поранешен македонски судија-кривичар во Основниот суд Скопје I.
Кариера
До 2012 година, Лаличиќ три години работела како стручен соработник во Основниот суд Скопје I, како и во кабинетот кај тогашната претседателка на судот Лидија Неделкова.
Судија
Била именувана за судија кон крајот на 2012 година од страна на Судскиот совет на нејзини 28 години. Медиумите пишувале дека била најмлад именуван судија во историјата на судот, иако имало помлади именувани судии во минатото во Основниот суд Скопје I.
Според новинската агенција „Мета“ како стручен соработник и како судија Лаличиќ има постигнато солидни резултати. Според Судскиот совет за 2013 година таа има добиено оценка „многу добар“, што претставува највисока можна оцена во оценувањето.
Во 2021 година била разрешена од функцијата од страна на Судскиот совет поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција.
Наводи
Категорија:Македонски судии Категорија:Македонски правници