Питис () во старогрчката митологија била нимфа. десно|безоквира Митологија Била една од ореадите или дријадите. Нејзините родители не се споменуваат, но можно е дека била ќерка на аркадискиот речен бог Ладон.theoi.com: PITYS Оваа нимфа ја сакал Пан, но таа љубов не била взаемна. Пан ја прогонувал и затоа таа се преобразила во оморика. Поради тоа неговите жртвеници се наоѓале под ова дрво, а тој е прикажуван овенчан со оморика. Според друго предание, во неа се вљубил богот на северниот ветер, Бореј. Меѓутоа, Питис својата љубов ја подарила на Пан, па љубоморниот Бореј ја фрлил од висока карпа. Геја била милосрдна, па не дозволила убавата нимфа да загине, туку ја преобразила во оморика. Поради тоа, душата на оваа нимфа цивка секогаш кога северниот ветер ѝ ги тресе гранките.Aleksandrina Cermanović Kuzmanović & Драгослав Срејовић 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.in2greece.com: pitys

Наводи

Категорија:Нимфи