Антипсихотици, исто така познати како невролептици, се класа на лекови кои се користат во третманот на психози (делузии, халуцинации, параноја), претежно на шизофренија и биполарно растројство.

Првата генерација на антипсихотици, познати како типични антипсихотици, биле откриени во текот на 1950-те. Повеќето лекови од втората генерација, познати како атипични антипсихотици се развиени во поново време, иако првиот атипичен антипсихотик, клозапинот, бил откриен во 1960-те и воведен во клиничка пракса во 1970-те. Двете генерации вршат блокада на рецепторите во допаминските патишта во мозокот, меѓутоа атипичните делуваат и врз серотонинските рецептори.

Наводи

Категорија:Психолептици Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ