Волфсбург () — петти најголем град во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот е сместен на реката Алер, оддалечен 75 километри источно од Хановер и 230 километри западно од Берлин.

Во 2013 година, Волфсбург бил најбогат град во Германија со БДП по глава на жител од 128.000 долари, пред сѐ поради неговата автомобилска индустрија.

Во Волфсбург се наоѓа седиштето на Фолксваген и најголемата фабрика за автомобили во светот. Автоград е атракција за посетителите веднаш до фабриката на Фолксваген. Волфсбург е еден од малкуте германски градови кои биле изградени во текот на првата половина на век. Од основањето на 1 јули 1938 како дом на работници, кои ги произведувале автомобилите „фолксваген буба“, до 25 мај 1945 година, градот бил наречен „Градот на Фолксваген буба кај Фалерслебен“ (Stadt des KdF-Wagens bei Fallersleben). Во 1972 година, градот надминал бројка од 100.000 жители.

Географија

мини|300п|десно|Поглед на областа мини|300п|десно|Дијаграм за врнежите во градот

Реката Алер со Средногерманскиот Канал поминува низ градот во насока исток-запад. Највисоката точка се наоѓа на 140 метри надморска височина кај Алмке, додека најниската точка се наоѓа на 54 метри во Илкербрух. Највисоката точка во јадрото на градот е 110 метри на Клиферсберг.

Клима

Годишните врнежи изнесуваат 532 мм и со тоа се наоѓа меѓу најсушните места во Германија; само на 7% од метеоролошките станици на Германската временска служба се забележани пониски вредности. Најсув месец е октомври, додека најмногу врнежи има во јуни; во овој месец паѓаат 1,9 пати повеќе врнежи отколку во октомври.

Соседни окрузи и општини

Следниве окрузи, градови и општини се граничат со градот Волфсбург (надесно, почнувајќи од запад):

Гифхорн: Калберла, Ослос, Вајхаузен, Тапенбек, Јембке, Тидише, Риен Хелмштет: Дандорф, Фелпке, Грос Твилпштет, Кенигслутер на Елм, Лере

Градски единици

мини|300п|десно|Поделбата на градот Волфсбург мини|300п|десно|Средногерманскиот Канал близу фабриката на Фолксваген

Градското подрачје на Волфсбург се подели на 40 градски единици. Една градска единица или повеќе заедно создаваат вкупно 16 градски окрузи, кои ги предводат окружни совети. Секој окружен совет избира свој предводник.

Градски окрузиHauptsatzung der Stadt Wolfsburg vom 22. Februar 2017 (PDF; 662 kB). In: wolfsburg.de, abgerufen am 6. August 2017. (со број на жители во 2015 г.) и соодветните градски единици се следниве:Statistisches Jahrbuch 2018. In: wolfsburg.de, abgerufen am 3. November 2018 (PDF; 7,1 MB). Алмке-Најндорф (2.144) со единиците Алмке и Најндорф Барншторф-Нордштајмке (3.982) со единиците Барншторф и Нордштајмке Бракштет-Фелштофе-Варменау (3.001) со единиците Бракштет, Фелштофе и Варменау Детмероде (7.640), воедно и градска единица Емен-Мерзе (8.987) со единиците Емен и Мерзе Фалерслебен-Зилфелд (14.191) со единиците Фалерслебен и Зилфелд Хаторф-Хајлигендорф (4.017) со единиците Хаторф и Хајлигендорф Хелинген (1.854), воедно и градска единица Кешторф-Зандкамп (1.994) со единиците Кешторф и Зандкамп Мите-Вест (17.942) со единиците Ајхелкамп, Хагеберг, Хоенштајн, Клиферсберг, Лагберг, Рабенберг и Волтберг Нојхаус-Рајслинген (7.718) со единиците Нојхаус и Рајслинген Нордштат (9.775) со единиците Алт-Волфсбург, Кројцхајде, Тиргартенбрајте и Тајхбрајте Штатмите (15.122) со единиците Хелвинкел, Хеслинген, Келерберг, Ротенфелде, Шилертајх, Штатмите и Штајмкер Берг Форсфелде (12.641), воедно и градска единица Вендшот (2.903), воедно и градска единица Вестхаген (9.206), воедно и градска единица

Посебен округ

Посебен случај претставува областа на фабриката на Фолксваген и паркот Алер во поделбата на градот: иако се наоѓа во градското подрачје, не припаѓа кон ниту еден градски округ, туку се води како „посебен округ“.

Заштитени подрачја

Во рамките на градското подрачје се наоѓаат осум заштитени подрачја. На запад се наоѓаат областите „Долина на Алер помеѓу Гифхорн и Волфсбург“, „Барнбрух“, „Илкербрух“, „Дипенвизен“ и „Зидлихе Дипенвизен“, на исток се наоѓа подрачјето „Вендшотер и Форсфелдер Дремлинг“ и на југ се наоѓаат областите „Барншторфска Шума“ и „Талнидерунг во Барншторфската Шума“.. – Schutzgebiete auf der interaktiven Umweltkarte. In: nlwkn.niedersachsen.de. Niedersächsischer Landesbetrieb für Wasserwirtschaft, Küsten- und Naturschutz, abgerufen 10. Oktober 2016.

Историја

мини|300п|десно|Околината околу Волфсбуршкиот замок во 1654 година мини|300п|десно|Волфсбуршки замок

Волфсбуршкиот замок бил првпат споменат во 1302 година во документ како живеалиште на благородниците Бартенслебен. Првично веднаш до реката Алер, неколку векови подоцна била заштитена со ендек. Во 1372 година се појавува првото спомнување во документ на замокот Нојхаус (Burg Neuhaus), во близина на Волфсбург. По исчезнувањето на линијата Бартенслебен во 1742 година, поседите и Волфсбуршкиот замок (Wolfsburg Castle) припаднале на грофовите на Шуленбург. Замокот бил важен работодавач за соседните населби Ротенфелде и Хеслинген.

Некои од денешните градски окрузи, вклучувајќи го Хеслинген, припаѓале на војводата од Магдебург во текот на век. Во 1932 година, овие окрузи биле одвоени од пруската покраина Саксонија и припоени кон административниот округ Линебург, кој припаѓал на покраината Хановер.

Други градски окрузи, како Форсфелде и селата префрлени во Волфсбург од округот Хелмштет, припаѓале со векови на подоцнежниот војвода на Брауншвајг. Фалерслебен и други села припаѓале на Изборното кнежевство Брауншвајг-Линебург или на Кралството Хановер.

Волфсбург бил основан на 1 јули 1938 година како „Градот на Фолксваген буба кај Фалерслебен“ (Stadt des KdF-Wagens bei Fallersleben), плански град околу селото Фалерслебен, изграден како дом за работниците на Фолксваген („народен автомобил“), фабрики изградени за изработка на фолксваген буба.

Во текот на Втората светска војна, воените автомобили, авионите и другата воена опрема се правеле тука, главно од принудните работници и воените заробеници. Во 1942 година, германските власти го основале концентрацискиот камп „Арбајтсдорф“ во градот во период од неколку месеци.

За време на британската окупациска зона, градот бил преименуван во денешното име, Волфсбург. Преименувањето било извршено на 25 мај 1945 година, по истоимениот замок сместен во околината. Во 1951 година, Волфсбург бил одвоен од округот Гифхорн и станал урбан округ.

Во 1955 година, милионитиот автомобил „фолксваген буба“ бил произведен во Волфсбург. Повоеното производство на „буба“ завршило во Волфсбург во 1974 година, додека производството на „буба“ продолжило во Емден до 1978 година. Фабриките во Волфсбург останале клучен дел од стопанството на Волфсбург.

Во текот на германското стопанско чудо, Волфсбург имале голем прилив на доселеници, особено од Италија.

Во 1958 година било изградено Градското собрание. Во 1960 година, Фолксваген преминал од друштво со ограничена одговорност во акционерско друштво.

При административната реформа во Долна Саксонија во 1972 година, 20 села од околината биле додадени кон градот преку т.н. Волфсбуршки закон. Волфсбург стекнал статус на голем град со близу 131.000 жители. Истовремено, површината на градот се зголемила од 35 на близу 204 квадратни километри. Во 1973 година, населението на градот го достигнало врвот од 131.971 жител.

Во 1982 година, автопатот А39, гранка на А2 (Оберхаузен-Хановер-Вердер) бил изграден како директен автопат до Волфсбург.

Во 1988 година, градот станал универзитетски град со основањето на Високата школа Брауншвајг/Волфенбител. Денес, неговото име е Остфалски универзитет за применети науки.

Со започнувањето на петтата генерација од фолксваген голф, градот Волфсбург ги поздравил посетителите на официјалното мрежно место на интернет и на секој знак во градот со името „Голфсбург“, што траело од 25 август до 10 октомври 2003 година. Оваа кампања го привлекла националното внимание.

Летото 2009 година, Волфсбург го привлекол фудбалското внимание, кога фудбалскиот клуб, ФК Волфсбург, го освоил германското првенство. Била одржана забава во центарот на градот на која имало околу 100.000 луѓе.

Население

Од околу 1.000 жители во 1938 година, населението во градот се зголемило на 25.000 жители во 1950 година и се удвоило до 1958 година, на 50.000 жители. На 1 јули 1972 година, населението на Волфсбург првпат го надминало прагот од 100.000 жители, поради вклучувањето на неколку села, со што Волфсбург станал голем град. Во 1973 година, населението го достигнало својот врв: 131.971 жител. На крајот на декември 2010 година, како жители на Волфсбург се броеле 121.451. До крајот на 2012 година, оваа бројка се искачила на 123.144 жители.

МестоНационалностНаселение (2013 г.)1 5.1432 1.0223 6114 4055 4016 3707 2788 2729 26910 251

Култура и знаменитости

мини|300п|десно|Поглед на „Автоград Волфсбург“

Средиштето на Волфсбург е уникатно во Германија. Наместо средновековен стар град, Волфсбург има нова и современа знаменитост, наречена Автоград. Во стариот дел на градот Алт Волфсбург се наоѓаат некои велепоседнички куќи во традиционален стил. На врвот на ридот од реката Алер се наоѓа Волфсбуршкиот замок.

Автоград е отворен тематски музеј посветен на автомобилите поседувани и изработувани од Фолксваген. Во центарот на паркот се павилјоните за големите брендови на Фолксваген: Фолксваген и Ауди на север, на југ се Сеат, Шкода Ауто, Ламборгини, Бентли и Бугати. Десно до лагуната е павилјонот на Порше. Павилјонот за комерцијалните возила на Фолксваген се наоѓа во југоисточниот дел на паркот.

Автоградот, исто така, вклучува: планетариум; хотел „Риц-Карлтон“; научниот центар „phæno“, најголемиот научен музеј во Германија; воден скијачки центар и приватен уметнички музеј (Уметнички музеј Волфсбург) специјализиран за современа уметност.

Политика

мини|300п|десно|Градското собрание

Шеф на новиот град во 1938 година станал Карл Бок со одлука бр. 145 на владата на Линебург. Неговите следбеници биле поставени од владата исто така.

Во 1946 година, воената влада на британската окупациска зона воспоставила сличен систем на британскиот. Со тоа, граѓаните избирале совет, кој избирал градоначалник како предводник на градот. По 1946 година, советот избирал нивен претставник за водење на градот. Во 2001 година, двојното водство било укинато. Со тоа бил поставен еден градоначалник. Оттогаш, граѓаните директно го бираат градоначалникот.

Градот бил опишан како „социјалдемократска утопија“.

Градски совет

Градскиот совет е составен од различни партии (вкупно 47 места) и градоначалникот со посебен глас. Градоначалникот е на чело на градската управа и со тоа претпоставен на сите вработени во градскиот совет. Градоначалникот е поддржуван од четири раководители на оддели, кои се избирани од советот на негов предлог. Заедно го сочинуваат одборот на директори на градската управа.

Резултатите од локалните избори на 11 септември 2016 година: wolfsburg.de/rathaus,.

Партија Места Гласови (%) СДП 14 29,9% ДХС 11 24,9% PUG 8 17,3% AfD 5 10,5% Сојуз 90/Зелени 3 7,5% FDP 2 3,3% Linke 1 3,0% PIRATEN 1 1,9% Фамилие 1 1,1%

Излезност на гласачи: 52,3%.

Амблеми

Грбот на Волфсбург прикажува сребрен замок со две кули со затворена порта на црвена позадина преку зелена основа со сребрени бранови долу. Златниот волк со син јазик е качен на замокот. Знамето на градот е зелено и бело.

Одделот за внатрешни работи на Долна Саксонија му доделил грб на градот во 1952 година. Во 1961 година бил подобрен хералдички и новододелен од владиниот комитет од Линебург. Симболите на волкот и заокот го прикажуваат името на градот и немаат директно историско значење. Знамето било прифатено во 1955 година.

Фолксваген користел изменета верзија на грбот на Волфсбург како негов амблем до раните 1980-ти години, кога бил заменет од денешниот амблем.

Архитектура

мини|300п|десно|Театар Шарун

Историски замоци