Завојниот сноп е мал белковински (белковински) склоп кој се состои од неколку алфа-завојницаи, кои обично се скоро паралелни или антипаралелни едни спрема други.

Трозавојни снопови мини|346x346px|Пример на трозавоен склоп, врвен домен на белковината вилин, од кокошка. (PDB ID 1QQV).|алт= Трозавојните снопови се меѓу најмалите структурни домени кои исклучително брзо се склопуваат преку кооперативно склопување. Трозавојниот сноп во врвниот домен на вилинот е долг само 36 аминокиселински остатоци и е предмет на проучување на молекуларната динамика, бидејќи времето на склопување му се мери во микросекунди - време кое е соодветно за молекуларно-динамичките симулации. ХИВ помошната белковина, кој е изграден од 40 аминокиселински остатоци, има многу сличен склоп и е, исто така, предмет на екстензивни испитувања. Не постои општ низен мотив кој е поврзан со трозавојните снопови, па затоа тие не можат да бидат предвидени од низата. Трозавојните снопови често се јавуваат кај актин-врзувачките белковини и кај ДНК-врзувачките белковини.

Четворозавојни снопови Четворозавојните снопови обично се состојат од четири завојници спакувани во структура на намотана завојница, со стерички густо-спакувано хидрофобно јадро во центарот. Парови на соседни завојни можат да бидат дополнително стабилизирани со солени мостови помеѓу наелектризираните аминокиселини. Завојните оски обично се ориентирани околу 20 степени во однос на нивните соседни завојници, што претставува многу помал наклон во однос на поголемата завојна структура на глобинскиот склоп.

Специфичната топологија на завојниците зависи од белковината - завојниците кои се соседни во низата, често се антипаралелни, иако е возможно да се формираат антипаралелни врски помеѓу два пара на паралелни завојници. Бидејќи димерните намотани завојници се релативно стабилни, четворозавојните снопови можат да бидат димери на парови на намотани завојници, како што се јавува во Rop белковината. Четворозавојните снопови можат да имаат топлинска стабилност од повеќе од 100℃. Други примери на четворозавојни снопови се цитохромите, феритин, соматотропин, цитокини и C-терминалот на Lac репресорот. Четворозавојниот сноп е цел на de novo дизајнирање на белковини, со мноштво на успешно de novo дизајнирани белковини со помош на рационални и комбинаторни методи. Иако кај четворозавојните снопови низата не е сочувана, постојат одредени правила кои се слични со оние кај структурите на намотана завојница, каде секој четврти и седми остаток е хидрофобен.

Наводи

Надворешни врски

SCOP цитохром c склоп (англиски) SCOP трозавојни снопови кои врзуваат нуклеински киселини (англиски) SCOP четворозавојни снопови (англиски) SCOP Rop-слични белковини (англиски) SCOP белковини со исклучиво-алфа структура (англиски)

Категорија:Белковини Категорија:Белковински склопови Категорија:Структура на белковините