Рогалин (на полски Rogaliński Park Krajobrazowy) — заштитено подрачје на природата западно-средишниот дел на Полска кое зафаќа површина од 126,4 км², вклучувајќи два природни резервати. Паркот се наоѓа во рамките на Големополското војводство, во Познанската област и округот Шрем. Се протега долж бреговите на реката Варта и го носи своето име од селото Рогалин, кое е познато по својата историска палата на семејството Рацински и дабовите дрвја.

Околу 2000 прекрасни дабови се наоѓаат на бреговите на реката Варта во близина на Рогалин, меѓу бројните крајречни езера. Тоа е најголемата група на монументални дабови дрвја во Европа. Нивните стебла достигнуваат обем до 9 метри, а сите оние кои достигнуваат повеќе од 2 метри во обемот се заштитени со закон.

Категорија:Национални паркови во Полска