Конгресот на Република Перу () е еднодомниот парламент и законодавното тело на Република Перу. Конгресот е составен од 130 членови, конгресмени (congresistas), кои се избрани прекку избори за мандат од пет години.
Моментално перуанските конгресмени се сретнуваат во Законодавната палата, зграда која се наоѓа во историскиот центар на Лима, наспроти „Плаза Симон Боливар“, односно плоштадот „Симон Боливар“. Актуелниот состав на конгресот е избран на изборите во 2016 година и претседател на конгресот е Даниел Салавери, од политиката партија Народна сила.
Регулатива
Според членот 90 од уставот на Републиката, за да се кандидира еден политичар за конгресмен треба да ги исполнува еден од трите критериуми: да е роден во Перу да има најмалку 25 години да има право на глас
Кандидатите за претседател не може во исто време да се кандидираат за конгресмени, а потпретседателите можат. Дополнително, член 91 од уставот тврди дека владини функционери од висок ранг, воени лица и полициски службеници може да бидат конгресмени само 6 месеци откако ќе ги напуштат функциите.
Конгресмените се избрани за мандат од пет години и може неограночено да бидат реизбрани, но ова е ретко. Парламентарните и претседателските избори се одвиваат заедно во државата. Изборите се одвиваат во април.
Надлежности Во членот 102 од уставот на Перу се наведени десет надлежности на конгресот. Овие надлежности се однесуваат и на законодавната функција на конгресот, но и можноста да проверува и балансира со друите гранки на власта: да донесува закони и законодавни резолуции, како и да толкува, дава амандмани и повлекува постоечки закони до се грижи за почитување на уставот и законите, и да направи што и да треба за да преземат одговорност прекршувачите да склучува договори, во согласност со уставот да го донесува буџетот и општата сметка да одобрува позајмици, во согласност со уставот да ги применува правото на амнестија да одобрува територијална демаркација предложена од извршната власт да дава согласност за влегување на странски трупи во државата, кога не влијае, на кој било начин, врз суверенитетот да дава дозвола на претседателот на Перу да ја напушта државата да извршува должности предвидени со уставот и тие наследени од легислативната функција.
Состав на Конгресот 2016-2021
На изборите во 2016 се добил следниов состав на конгресот:
партијаконгресмени Народна сила62 Перуанците за промена15 Независни15 Широк Фронт10 Ново Перу10 Алијанса за напредок на Перу9 Народна Алијанса5 Народна Акција5Извор: ONPE
Галерија
Наводи
Надворешни врски Службено мрежно место Список на сите членови на Конгресот
Категорија:Влада на Перу Перу Перу