Карнавале е музеј во Париз е посветен на историјата на градот. Музејот опфаќа две соседни згради: Хотел Карнавале и поранешниот Хотел Ле Пелетје де Сен Фарго. По совет на баронот Осман, државен службеник кој го изменил ликот на Париз, во втората половина на 19 век, хотелот Карнавале бил купен од страна на Советот на општината Париз во 1866. Тој бил отворен за јавноста во 1880 година. Во вториот дел од 20 век, музејот веќе бил во полн капацитет. Хотелот Ле Пелетје де Сен Фарго бил припоен кон Карнавале и отворен за јавноста во 1989 година.Leri, Jean-Marc,Musée Carnavalet: Histoire de Paris, pages 7-8.
Карнавале е еден од 14-те градски музеи на Париз кои од 1 јануари 2013 станале дел од јавната институција Париски музеи. Музејот е затворен поради реновирање до крајот на 2019.
Збирки Во дворот една прекрасна скулптура на Луј XIV, ги поздравува посетителите.Leri, Jean-Marc,Musée Carnavalet: Histore de Paris, page 41. Во внатрешноста на музејот, поставките ја покажуваат трансформацијата на селото Лутеција, населено од галското племе Паризии,Colson, Jean, Paris: Des origines à nos jours, page 11. во денешниот голем град Париз, кој брои околу 2,201,578 жители.
Карнавале поседува збирка од 2,600 слики, 20.000 цртежи, 300,000 гравури и 150,000 фотографии, 2,000 модерни скулптури и 800 делови мебел, илјадници парчиња керамика, многу украси, модели и релјефи, знаци, илјадници монети, безброј предмети, многу од нив сувенири на познати ликови и илјадници археолошки фрагменти. Периодот наречен Модерно време, кој се протега од ренесансата до денес главно е познат по огромното количество на слики од градот. Постојат многу слики од улиците и спомениците на Париз од 16 до 20 век, но исто така, и многу портрети на ликовите кои одиграле улога во историјата на главниот град и дела кои покажуваат настани што се случиле во Париз, особено многуте револуции кои го потресувале градот, како и многу сцени од секојдневниот живот, од сите социјални класи.Leri, Musée Carnavalet: Histoire de Paris, pages 11-12.
Лутеција
Долги тесни кануа направен од стебло (француски: pirogues), кои датираат уште пред првиот пишан опис на селото (познато во тоа време како Лутеција) во 52 година од нашата ера, во делото на Јулиј Цезар За галската војна (латински: De bello Gallico).Colson, Jean, Paris: des origines à nos jours, page 10.Leri, Musée Carnavalet: Histoire de Paris, page 14. Убаво шише од четвртиот век кое се користело за парфем, вино или медLeri, Jean-Marc, Musée Carnavalet: Histore de Paris"", page 19.
Средновековен град мини|Макета на Ил де ла Сите во 16 век|292x292пкс
Раскошен ковчег од 13 век, кој веројатно потекнува од кралската Опатија Сен ДениLeri, Musée Carnavalet: Histore de Paris"", page 20. Добро зачувана скулптура од главата на Богородица од 14 век. Градот во овој период бил погоден од немили настани што го уништувале: Стогодишната војна и Големата чума од 1348Colson, Jean Paris: des origines à nos jours, pages 25-27.
Ренесансата и Верските војни
Слики од 16 век, со познати луѓе од тоа време, вклучувајќи Франсоа I, Катерина Медичи и Анри IV.Leri, Jean-Marc, Musée Carnavalet: Histoire de Paris, pages 21-23. Слика од Пон неф околу 1660 која покажува група парижани на коњи или пеш,некој продавач кој ги покажува своите производи на група на заинтересирани и човек кој чекори носејќи товар на грбот.Leri, Musée Carnavalet: Histore de Paris, page 36. Неколку слики кои ја прикауваат Мадам де Севиње, која се сметала за најубавата жена во ПаризLeri, Jean-Marc, Musée Carnavalet: Histoire de Paris, page 47.
Француска револуција мини|Празникот на Федерацијата, 14 јули 1790, на Шам де Марс, Шарл Тевенен (1764–1838)|292x292пкс
Познатата незавршено слика од Жак-Луј Давид, Заклетва на тениско игралиште (1789), која го отсликува клучниот настан во француската историја кога членовите на Националното собрание положуваат заклетва дека дека нема да се распуштат додека не помине "цврст и правичен Уставот."Schama, Simon Citizens: A Chronicle of the French Revolution, page. 359. Овој настан е често се смета како почеток на Француската револуција. Слики кои ја покажуваат одмаздата на луѓето врз Бастиља, зандана која станата "симбол на произволноста на кралската моќ."Leri, Jean-Marc, Musée Carnavalet: Histoire de Paris, page 97. Слики или скулптури на познатите глумци во драмата на Револуцијата, вклучувајќи ги Мирабо, Дантон, Робеспјер и кралското семејствоLeri, Jean-Marc Musée Carnavalet: Histoire de Paris, pages 98-102. Слика од погубување на гилотина на плоштадот на Револуцијата, од Пјер-Антоан Демоши: судбина каква што доживеале кралот Луј XVI, Кралицата Марија Антоанета, ројалистите, жирондинците, ебертистите, дантонистите, Робеспјер и неговите следбеници и многу другиLeri, Jean-Marc, Musée Carnavalet: Histoire de Paris, page 47. Лични нешта кои припаѓале на Марија Антоанета.Personal visit to museum, 2005-01-02. Хартија на која Робеспјер делумно го напишал неговиот потпис, кога бил приведен од војниците на Националната Конвенција.Interview with museum guard, 2005-01-02.
Париз, престолнина од XIX век мини|Пазарот и Фонтаната на невините (1822 година), Џон Џејмс Шалон (1778–1854), Музеј Карнавале|293x293пкс
Наполеоновата омилена хигиенска кутија за лични предметиLeri, Jean-Marc, Musée Carnavalet: Histoire de Paris, page 110. Слики од почетокот на 19 век во ПаризLeri, Jean-Marc, Musée Carnavalet: Histoire de Paris, pages 140-141; 126-127; 137; 139. Слика која отсликува еден од најважните моменти на Јулската револуција: Освојување на Лувр, 29 јули 1830 година, од страна на Жан-Луј БезарLeri, Jean-Marc, Musée Carnavalet: Histoire de Paris, page 123. Прекрасни скулптури на парижани од тоа време, некои реални портрети, други карикатури, од страна на Жан-Пјер ДантанLeri, Jean-Marc, Musée Carnavalet: Histoire de Paris, pages 13-131. Раскошна лулка на кралскиот принц Луј Наполеон Бонапарт, син на царот Наполеон III и царицата ЕвгенијаLeri, Jean-Marc, Musée Carnavalet: Histoire de Paris, page 147. Прикажани постери од Убавата епохаJean-Marc, Musée Carnavalet: Histoire de Paris, page 159. Реални слики од крајот на 19 век во Париз.Leri, Jean-Marc, Musée Carnavalet: Histoire de Paris, pages 140-141; 148-157; 159-163. Златен часовник кој му припаѓал на Емил Зола Слика од конструкцијата на Статуата на слободата, која била подарена на САД во парчињаLeri, Jean-Marc Musée Carnavalet: Histoire de Paris, page 168. Сликите од Универзалната изложба, вклучувајќи ја и онаа на Ајфеловата кула, која била специјално изградена по повод овој настан. Истите се користеле во анимираниот филм Аристократи на Волт Дизни од1970 година.
Париз во дваесеттиот век мини|По литургија во врквата Светото Тројство, (околу 1900), Жан Беро (1849–1935)|289x289пкс
Реконструкција со оригинален мебел на просторијата каде Марсел Пруст го напишал делото Во потрага по изгубеното времеLeri, Jean-Marc,Musée Carnavalet: Histoire de Paris, page 172. Фотографии од 20 век во Париз од страна на Ежен Атже и Анри Картие-БресонLeri, Jean-Marc, Musée Carnavalet: Histoire de Paris, page 178-179; 186; 188-189, Стилизирана слика на преполното бистро на средината на 1900, од страна на натурализираниот јапонски уметник, Леонард ФуџитаLeri, Jean-Marc,Musée Carnavalet: Histoire de Paris, page 187. Фотографија во дагеротип, на Форумот на Халите, од страна на двајца американски фотографи во 1989 година, по повод изложбата кога во Карнавале се прославила 150 годишнина од пронајдокот на фотографијатаLeri, Jean-Marc, Musée Carnavalet: Histoire de Paris, page 190.
Зградите
Хотел Карнавале
Во 1548 година, Жак де Лињери, претседател на Паришкото собрание, ја наредил изградбата на зградата која ќе биде позната како Хотел Карнавале. Изградбата била завршена околу 1560 година. Во 1578, вдовицата на Франсоа де Керневеноа, Бретонец чие име било изговорено на француски јазик како Карнавале, ја купила зградата. Во 1654 година, зградата била купена од страна на Клод Боизлев, кој го овластил добро познатиот архитект, Франсоа Мансар, да направи големо реновирање. Мадам де Севиње, писателката позната по нејзината епистоларна книжевност, живеела во хотелот Карнавале од 1677 до нејзината смрт во 1696 година.Leri, Jean-Marc,Musée Carnavalet: Histoire de Paris, pages 7-9.
Хотел Ле Пелетје де Сен Фарго
Хотелот Ле Пелетје де Сен Фарго, исто така, бил изграден во средината на 16 век. Тој бил првично познат како Хотел Доргевал. Бил купен од страна на Мишел Ле Пелетје и останал во наследство на неговиот внук, Ле Пелетје де Сен Фарго кој бил претставник на аристократите во Собранието на сталежот од 1789 година. Во 1793 година, Ле Пелетје гласал за погубувањето на Луј XVI, и бил убиен, во одмазда заради неговиот глас, истиот ден кога кралот бил погубен на 20 јануари, 1793.Leri, Jean-Marc,Musée Carnavalet: Histoire de Paris, pages 10-11.
Поврзано
Жан-Франсоа Ежен Робине, куратор од 1891 година Жан Робике, куратор во првата половина на 20 век Список на музеите во Париз
Наводи
Користена литература:
Colson, Jean. Paris: Des Origines à Nos jours. Paris: Éditions Hervas, 1998. Leri, Jean-Marc. Musée Carnavalet: Histoire de Paris. Paris:Éditions Fragments International, 2007. Schama, Simon. Citizens: A Chronicle of the French Revolution. New York: Alfred A. Knopf, 1989.
Надворешни врски
(англиски) Музеј Карнавале официј на мрежно место јт (англиски) Париск м Музеи официј на мрежно место јт (англиски) ј Карнавале Информации за посетител
Категорија:Статии со надворешни врски на англиски Категорија:Ликовни музеи и галерии во Париз Категорија:Згради и градби од 16 век Категорија:Музеи во Париз