Виентијан (лаоски Viangchan) или Вјангчан е главен град на Лаос. Тој се наоѓа во Меконгската долина. Според некои проценки, градот има 200.000 жители (2005), а се верува дека бројот на жители кои живеат во Виентианската Област е над 730.000. Виентиан е сместен 17° 58' северно и 102° 36' источно (17.9667, 102.6). Виентиан се наоѓа на реката Меконг, на границата со Тајланд.
Потекло на поимот Името на градот е од палиско будистичко потекло. Оригиналното значење на името било „кралски сандалов ползавец“ или „град на сандаловото дрво“. Ова дрво било доста ценето во Индија. Денешното значење на името во Лаос е нецелосно јасно и често се толкува како „градот на месечината“. Оваа нејаснотија е поради фактот што на санскритски за зборовите месечина (chandra (चन्द) и сандалово дрво (chandana (चन्दन) се пишува и изговара исто. Сепак на тајландски (เวียงจันทน์) името е сè уште оригинално запишувано, односно „градот на сандаловото дрво“. Транскрибираната верзија, односно во овој случај македонскиот изговор на името, е од францускиот јазик и ерата на француската колонизација на Индокина. Градот на лаоски јазик е Вјангчан (ວຽງຈັນ, Viangchan), но Французите имале потешкотии да го изговорат името и го изговарале на изменет начин, односно ја изговарале таа форма која и во македонскиот јазик е примена - „Виентијан“.
Административна поделба Виентијан се наоѓа во префектурата Виентијан каде е и главен центар. Префектурата се отцепила од покраината Виентијан во 1989 година. Градот Виентијан е составен од следните окрузи:
Чантабули Хадуајфонг Сикорабонг Сисатанак Сајсета
Збратимени градови Бангкок, Тајланд Чирагонг, Бангладеш Пном Пен, Камбоџа Орландо, САД Хо Ши Мин, Виетнам
Наводи
Поврзано Лаос Градови во Лаос
Надворешни врски
Слики од Виентијан на Flickr Карта на Виентијан Туристички водич за Виентијан Виентијан: гурмански скакулци Карта од MSN за Виентијан
* Категорија:Главни градови во Азија Категорија:Населени места основани во 1560 година