Сахаров Центар (на руски: Са́харовский центр) — музејски и културен центар во Москва посветен на заштитата на човековите права во Русија и зачувување на наследството на истакнатиот физичар и активист за човекови права, Андреј Сахаров. Основана е од „Јавната комисија за заштита на наследството на Андреј Сахаров“, меѓународна невладина организација формирана во 1990 година, преку напорите на вдовицата на Сахаров, Елена Бонер и другите пријатели и колеги на Сахаров.
Историја
Во 1994 година Јавната комисија ја отворила архивата на Сахаров во трособниот стан каде живеел Андреј Сахаров. Содржината на архивата била донирана од Елена Бонер и вклучувала досиеја донирани од Федералната контраразузнавачка служба на Русија .
Во 1996 година, Сахаровската комисија го отвори музејот Сахаров и мултифункционалниот социјален центар за мир, напредок и човекови права (преименуван во 2012 година како Центар Сахаров).
Наводи
Категорија:Музеи во Москва Категорија:Музеи во Русија