Звернец — остров кој се наоѓа во јужна Албанија.

Островот е скоро цел покриен со високи борови дрвја. Должината е 430 метри и има максимална ширина од 300 метри. Островот е поврзан со копното со дрвен мост долг 270 метри.

Островот е туристичка атракција, бидејќи го содржи добро сочуваниот византиски манастир Зврненец од 13-14 век. Во близина на островот лежи селото кое го носи истото име. Островот има површина од околу 9 хектари.

Манастир

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Езерски острови во Албанија Категорија:Валона (област)