Љупчо Константинов (, - ,) — македонски композитор и автор на филмска музика.
Животопис Константиновски дипломирал на Музичката академија во Белград. Композирал музика во играни, документарни и анимирани филмови, во голем број на телевизиски филмови, серии и драми, како и во над 60-тина театарски претстави. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: „Златна арена“ на Филмскиот фестивал во Пула за музиката во филмот „Среќна нова '49“; три „Златни ловорови венци“ на МЕС, Сараево; за театарските претстави: „Електра“, „Шехерезада“ и „Фауст“; награда на критиката на Вториот меѓународен фестивал во Град Мексико за најдобра музика за претставата „Шехерезада“; на тетарските игри „Војдан Чернодрински“, награда за музиката во театарската претстава „Старите фотографии“ и др.Константинов Љупчо , портал „Кинотека на Македонија“
Починал на 17 октомври 2024 година во Скопје.
Филмографија 1975: Патот кон иднината" (Музика) 1977: „Градежно претпријатие „Маврово““ (Избор на музика) 1977: „Тулгеш“ (Музика) 1977: „Винојуг“ (Избор на музика) 1978: „Отпор“ (Избор на музика) 1979: „Ракувања“ (Избор на музика) 1979: „Ежен Гилвик“ (Музика) 1979: „Глава“ (Музика) 1980: „Хомо догматикус“ (Избор на музика) 1980: „Крвта на морето (сунѓер)“ (Избор на музика) 1981: Булки крај шините" (Музика) 1981: „Црвениот коњ“ (Музика) 1982: „Демагог“ (Избор на музика) 1982: „Јужна патека“ (Музика) 1982: „Мистериозниот предмет“ (Музика) 1982: Илинден" (Музика) 1983: „Пат за умор“ (Избор на музика) 1983: „Виновник“ (Избор на музика) 1984: Комедијанти" (Музика) 1984: „Нели ти реков“ (Музика) 1985: „А“ (Музика) 1985: „Ангроинженеринг“ (Музика) 1985: На наш начин" (Музика) 1985: Од зад грб" (Музика) 1986: „Среќна Нова ‘49“ (Музика) 1987: „Хај-фај“ (Музика) 1987: Трето доба" (Музика) 1989: Мугра" (музика) 1989: Цвеќе на карпата" (Музика) 1991: „Тетовирање“ (Музика) 1992: Заминување од Пасквелија" (Музика) 1993: Крик на немиот индијанец" (Музика) 1993: „Македонска сага“ (Музика) 1995: „Ангели на отпад“ (Музика) 1997: „Преку езерото“ (Музика) 1998: Денес, утре" (музика) 1999: „Време, живот“ (Музика)
Награди 2023 — Награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста
Наводи
Категорија:Македонски композитори Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“