мини|Светлана Ганушкина во 2009
Светлана Алексеевна Ганушкина (; р. ) е математичарка и активистка за човекови права во Русија, за која било пријавено дека е сериозен кандидат за Нобеловата награда за мир во 2010 година.
Животопис
Ганушкина многу години работела како професор по математика на Московскиот универзитет. Во 1990 година, таа помогна да се формира групата Граѓанска помош (Grazhdanskoe Sodeistvie), невладина организација која се залага за човекови права, особено во однос на имигрантите и бегалците во руското општество. Од 2015 година, организацијата е етикетирана како „странски агент“ од страна на руската влада.The Nobel Peace Prize: Who will win this year?, BBC News (6 October 2016)
Ганушкина е член на Претседателскиот совет за граѓанско општество и човекови права. Таа е исто така и во советот на Меморијалот, општество посветено на сеќавањето на жртвите од советската репресија.
Во 2006 година, таа беше наградена со наградата Хомо Хомини, за активизмот за човекови права од страна на чешката група People In Need (Луѓе кои имаат потреба).
Во 2016 година, Ганушкина ја добила наградата Вистински Живот, често нарекувана како „Алтернативна Нобелова награда“, Стокхолм, Шведска, „за нејзината децениска посветеност за унапредување на човековите права и правда за бегалците и присилните мигранти и толеранцијата меѓу различните етнички групи“.
Поврзано Човекови права во Русија
Наводи
Категорија:Родени во 1942 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Советски математичари Категорија:Математичарки Категорија:Руски активисти за човекови права