Шафрира „Шафи“ Голдвасер () — американско-израелски компјутерски научник и добитничка на Тјуринговата награда во 2012 година. Таа е професор по електротехника и компјутерски науки во МИТ, професор по математички науки на Институтот за наука Вајцман, Израел, соосновач и главен научник на Дуалити Технолоџис и директор на Институтот Симонс за теорија на компјутери на Беркли, Калифорнија.Exponent: Shafi Goldwasser

Животопис

Родена во Њујорк сити, Голдвасер добила диплома по математиката и науката на Универзитетот Карнеги Мелон (1979), магистратура (1981) и докторат (1984) по компјутерски науки на Универзитетот во Калифорнија, Беркли, под надзор на Мануел Блум, кој е добро познат по тоа што советувал некои од најистакнатите истражувачи во оваа област. Таа се приклучила на МИТ во 1983 година, а во 1997 година станала прв носител на професор. Таа станала професор на Институтот за наука Вајцман, истовремено додека била професор во МИТ, во 1993 година. Таа е член на групата теорија на пресметки, на лабораторијата за компјутерски науки и вештачка интелигенција на МИТ. Голдвасер заеднички со друго лице (ко-примателка) ја примила Тјуринговата награда, во 2012 година. На 1 Јануари 2018 година, Голдвасер станала директор на Институтот Симонс за теорија на компјутери на Универзитетот во Калифорнија, Беркли.

Од ноември 2016 година, Голдвасер е главен научник и соосновач на Дуалити Технолоџис, израелско-американска старт-ап компанија, која нуди безбедносна анализа на податоци, користејќи напредни криптографски техники. Таа, исто така, е научен советник за неколку нови старт-ап компании во областа на безбедноста, вклучувајќи го и QED-it, специјализирана за Zero Knowledge Blockchain и Algorand, Proof-of-stake Blockchain.

Научна кариера

Истражувачки области на Голдвасер вклучуваат теорија за компјутерска комплексност, криптографија и теорија на компјутерски броеви. Таа е заеднички пронаоѓач на веројатносната енкрипција, која го поставила и постигнала златниот стандард за безбедност во енкрипцијата на податоци. Таа е заеднички пронаоѓач на докажувањето со нула-знаење, кое веројатносно и интерактивно ја демонстрира валидноста на тврдењето, без да пренесат дополнителни знаења, и се клучна алатка во дизајнирањето на криптографски протоколи. Нејзината работа во теоријата на комплексност ја вклучува класификацијата на проблемите со приближување, покажувајќи дека некои проблеми во НП остануваат тешки, дури и кога е потребно само приближно решение, и пионерски методи за делегирање на пресметки на недоверливи опслужувачи. Нејзината работа во теоријата на броеви, го вклучува пронајдокот со Џои Килиан, за докажувањето на примитивност со користење на елиптични кривини.

Награди Голдвасер ја добила Тјурингoвата награда во 2012 година, заедно со Силвио Микали, за нивната работа во областа на криптографијата. Голдвасер двапати ја освоила наградата Гедел за теоретска компјутерска наука: прво во 1993 година (за "Комплексноста на знаењето на интерактивните системи за докажување"), и повторно во 2001 година (за "Интерактивни докази и цврстината на приближувањето на кликовите"). Во другите награди спаѓаат наградата АЦМ Грејс Мареј Хупер (1996), за извонреден млад компјутерски професионалец на годината и РСА Наградата за Математика (1998), за извонредни математички придонеси во криптографијата. Во 2001 година била избрана во Американска Академија за Уметности и Науки, во 2004 година била избрана во Националната Академија на Науките, а во 2005 година во Националната Академија за Инженерство. Таа била избрана за ИАЦР Соработник во 2007 година. Голдвасер ја примила наградата Атена Предавач за 2008-2009 година на Асоцијацијата за Компјутерски Машини, Комитетот за Жени во Компјутерството. Таа е добитник на медалот Бенџамин Френклин во 2010 година на Институтот Френклин за Компјутери и Когнитивната Наука. Таа ја доби наградата ИЕЕЕ Емануел Р. Пиоре во 2011 година. Таа ја добила наградата Граница на Знаење во 2018 година, заедно со Микали, Ривест и Шамир. Таа била избрана за АЦМ Соработник во 2017 година. Во 2018 година, таа била наградена со почесна диплома од Алма Матер, Универзитет Карнеги Мелон.

Наводи

Категорија:Родени во 1959 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Криптографи Категорија:Математичарки Категорија:Израелски научници Категорија:Израелски академици Категорија:Израелски Евреи Категорија:Американски инженери Категорија:Американски математичари Категорија:Американски научници Категорија:Добитници на Тјуринговата награда Категорија:Апсолвенти на Калифорнискиот универзитет (Беркли) Категорија:Професори на Масачусетскиот технолошки институт Категорија:Странски членови на Руската академија на науките Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Членови на Американската академија на инженерството