Вештерот (објавена под меѓународното име The Witcher, во Полска под изворното име Wiedźmin) — позната видеоигра со фантазиска заднина, развиена од страна на полското студио CD projekt RED и објавена од страна на Атари. Нејзината премиера била на 26 октомври 2007 година на платформата Microsoft Windows и во април 2012 била објавена сметачката верзија на OS X системот. мини|Полското лого на Вештерот Дејството на Вештерот се одвива во светот наречен континентот, напишано од Анджеј Сапковски. Главниот јунак во играта, со кој се оживотворува играчот е Гералт од Ривија - еден од вештерите, односно ликови со натчовечки сили, кои обично убиваат чудовишта што ги напаѓаат населените места. По настаните од Сагата Вештерот, Гералт лишен од сеќавањето, повторно се обидува да се пронајде во мрачната реалност во светот на играта, лишен од изразената поделба на доброто и злото. Токму развитокот на играта го приморува Гералт да направи бројни морални одлуки, кои влијаат врз понатамошните судбини на споредните независни јунаци. И покрај обидот на Сапковски за прикажување на атмосферата на тој свет, видео играта Вештерот не добила официјална поддршка од страна на писателот.

Првите обиди за да се преточи светот на вештерот во јазикот на играта биле планирани уште во деведесеттите години на XX век од страна на Metropolis Software, сепак на студиото CD Projekt RED им успеало да ја завршат работата на овој проект, кој траел пет години. За проектот на Вештерот биле одговорни Михал Мадеј и Јацек Брзезињски. Буџетот на играта изнесувал околу 19 милиони злоти, а самото нејзино издание било придружено со голема промотивна кампања. По појавата на Вештерот добиле пофалби од страна на критичарите за фабулата, аудиовизуелното оформување и системот на борба. Како негативни забелешки за продукцијата на полското студио биле веднаш признаени прекумерната сексуализација на жените како и бројните технички грешки, при што повеќето од нив ги поправило Подобреното издание, издадено во септември 2008 година, која освен тоа содржело нови авантури за играчот.

Значајниот комерцијален успех на Вештерот - до јуни 2011 година биле продадени не помалку од 2 милиони примероци - предизвикало нагло внимание од страна на полскиот печат. Во 2011 година CD Projekt RED произвеле продолжение на делото под името Вештерот 2: Атентатори на кралеви (Wiedźmin 2: Zabójcy królów), веднаш потоа во 2015 година се појавила третата, која ставила крај на трилогијата на сцените од серијата, насловена како Вештерот 3: Див Лов (Wiedźmin 3: Dziki Gon).

Фабула Дејството на играта се случува во слични фантазиски заплети за време на средновековието. Тоа се заснова на светот на вештерот од романот на Анджеј Сапковски. Писателот се води по фантазиската формула, но исто така искористил многу алегории и наводи кон другите видови, традицијата и историјата. Судбината меѓу неговите јунаци ја истрива еднозначната поделба на доброто и злото, поставувајќи ги пред дилеми и последици полни со противречност и несигурност.

Во Вештерот играчот се оживотворува во ликот на главниот јунак од светот на Сапковски, Гералт од Ривија. Тој е еден од вештерите - ликови со натчовечки сили кои обично убиваат чудовишта што ги напаѓаат населените места. Крајот на Сагата за Вештерот потклава неколку различни завршетоци на судбините на Гералт (меѓу кои и неговото убиство), но дејството на играта се одвива по настаните во Сагата, каде што му успева да преживее. Оттаму фабулата на Вештерот не добила официјална потпора од Сапковски. Заплет Играта ја прикажува приказната на Гералт од Ривија, вештер - генетски напреднат човек со посебни моќи обучен да убива чудовишта. Вештерот содржи три различни патишта, кои влијаат на приказната на играта. Тие патишта се: сојуз со Скоја'тел, герилска група која се бори за слобода составена од виленици и други не-луѓе; сојуз со Редот на пламната роза, чии витези ја штитат државата Темерија; или никаков сојуз за да ја зачува "вештеровата неутралност". Во воведниот исечок на играта, на Гералт му е дадена задача да ја излечи ќерката на кралот Фолтест од Темерија, принцезата Ада, од клетва која ја претвора во подивено чудовиште. Години подоцна, група вештери го пронаоѓа амнезираниот Гералт во бесосзнание во едно поле и го носат во вештерското упориште Кер Морен. Како што тој се мачи да го врати неговото памтење, замокот е нападнат од група бандити наречени Саламндра. Вештерите и волшебничката Трис Мериголд се борат против напаѓачите, но маѓепсникот Азар Џавед и атентаторот „Професор“ бегаат со мутагенските напитоци кои генетски ги менуваат вештерите. Вештерите се упатуваат во различни правци за да најдат информации за Саламндра.

Гералт се упатува јужно кон Визима, престолнината на Визима и каде што Фолтест владее. Во периферијата, тој среќава магично надарено дете наречено Алвин и разбира дека Визима е во карантин. За да обезбеди пропусница, Гералт порзува демонско-куче кое ја пустошело периферијата, но е уапсен откако се обидел да влезе во Визима. Гералт се пријавува да убие едно чудовиште во канализацијата во замена за неговата слобода од притвор и излага во Храмовиот четврт во Визима. Со помош на приватен истражувач, Гералт следи повеќе траги на Саламандра и е сведок на воздигнати тензии помеѓу Редот на пламнатата роза и Скоја'тел. По еден судир со Азар Џавед и Професорот, Гералт е онесвестен и спасен од Трис, која го кани него на забава на високи службеници во Трговскиот четврт во Визима. Таму, Гералт ја сретнува принцезата Ада и добива неколку нови траги на саламандровиот бизнис фронт. Додека Редот на пламнатата роза и Скоја'тел стануваат посмели во нивните напори, Гералт открива повеќе за алвиновите моќи и визии додека ги урива операциите со дрога на Саламандра.

Гералт конечно ја напаѓа саламандровата база во Визима со помош или од Редот на пламнатата роза или Скоја'тел и го убива Професорот, но се наоѓа опколен од кралските чувари по бегството. Ада, која фалсификувала кралски едикти во отсуство на Фолтест, изјавуава дека таа мора да го убие за да го прикрие своето предавство пред Трис да го телепортира него во село на другата страна од Визимското Езеро. Гералт и Јаскер пронаоѓаат "стаклен" мир додека се грижат за Алвин, помагајќи во проблемите кои ја опкружуваат една несудена свадба, и преговарајќи меѓу сеолото и жителите на еден воден град. Со тек на време, сепак, конфликтот меѓу Редот и Скоја'тел го загрозува селото, присилувајќи го Гералт конечно да избере страна или да стане непријател на двете страни. Исплашениот Алвин мистериозно исчезнува во еден миг, и Гералт и Јаскер одлучуваат да запловат на назад во Визима и да и стават крај Саламандра.

Со повеќето витези од Редот и нивните мутанти кои сега влегуваат во отворен бунт, кралот повторно се потпира на Гералт со договор да го убие Великиот Господар. Откако бил соочен, Великиот Господар се обидува да го убеди Гералт со неговиот "голем план" за да го спаси човештвото од пророштвата за светско-проголтувачкиот мраз. Скептичниот Гералт е ставен во илузија на ледена пустелија од Великиот Господар, кој има страшни сличности со Алвин. Гералт успешно го поразува него и потоа му пришол кралот на Дивиот лов во сеништен облик, да ја земе душата на Великиот Господар. Сеништето го предупредува Гералт за претстојните настани или се бори против него и исчезнува, при што Гералт го уива Великиот Господар и бега од илузијата. Како што Гералт го ликвидирал Великиот Господар, тој забележува дека тој ја има истата амајлија како онаа на Алвин со што потврдува дека тој бил Алвин целото време, поради својата Старешинска крв, тој по грешка се само-испратил назад во времето, години пред настаните во играта. Во завршната сцена, еден маж со вештерски вертикални зеници се обидува да го убие Фолтест. Сепак, атентаторот е спречен од Гералт, што води директно кон Вештерот 2: Атентатори на кралеви.

Начин на играње Играчот се движи во фантазиски свет набљудуван низ перспективата на трето лице или во изометричен поглед. Светот на играта не е отворен, но е поделен на области, во кои на играчот му се дадени определени локации.

Предводениот јунак е опишан со четири одлики: сила, подвижност, истрајност и интелигенција кои имаат пет нивоа на напредување. Убивајќи ги непријателските ликови и извршувајќи ги мисиите, играчот добива бодови на искуство, кои можат да се пренасочат за развој на одредени атрибути или за купување на посебни вештини. Се делат на два вида: пасивни, кои ги додаваат модификаторите до одликите на јунакот, како и активни, кои ги активира играчот. Дел од нив се поврзани директно со борбата и магичните вештини, затоа дел се однесува на пример на алхемијата и друштвените вештини на играчот.

Играчот по добивањето на вештините од алхемијата може да спрема еликсири, кои се создаваат со помош на мешање на состојките придобиени од растенијата или убиените чудовишта со посебни напитоци, на пример со високопроцентен алкохол. Создадените мешавини можат да послужат во разна корист во зависност од состојките - на пример лечење на ранет јунак, можност за гледање во темнина или помош за точност во борба. Сепак еликсирите имаат нус појави - го трујат ликот на играчот. Освен еликсирите, играчот може да спрема масла за мечевите или петарди фрлани против непријателите.

Освен борбата и извршувањето на мисијата играчот може да навлезе во посебни интеракции со ликовите кои се појавуваат во играта. На пример можно е коцкање во крчма, заедничко пиење алкохол со цел да се добијат посебни предмети или информација од соговорникот и заведување на жени, со што играчот добива карти со еротска содржина.

Играчот е приморан да направи морални избори, кои ќе имаат значајно влијание во светот на играта и нејзиниот завршеток. Ефектите од направениот избор се активираат по неколку часови во играта, што го прави безцелно применувањето на методата за запишување на заплетот пред извршената одлука. Секоја од одлуките има определени негативни ефекти.

Борба На почеток играчот располага со челичен меч кој се користи во борба со луѓе и немагични чудовишта, затоа за време на играта исто така се здобива со сребрен меч кој служи исклучително за судири со суштества со магично потекло. За време на борбата со непријателските ликови играчот мора да фиксира стил, со кој ќе се послужи. Достапни се три видови: силен - назначен за судири со исклучително отпорни противници, брз - за борба со спретни ликови како и групен - кој служи за одбрана од група на непријатели и кој им задава најмалку штети.

Борбата со непријателскиот лик се содржи во тоа што играчот ја насочува стрелката на него и притиснува на левиот клик на глувчето, при што јунакот извршува определена секвенца удари. Потоа стрелката го променува обликот и играчот повторно притиснува, за неговиот лик да го зададе следниот удар, посилен удар. Секвенцата е прекината, кога играчот ќе притисне во несоодветен момент.

За време на борбата играчот губи бодови на истрајност, што влијае на неговата кондиција во понатамошните битки. Возможна е негова регенерација на истрајност со помош на одмор во гостилница или покрај огниште.

Токму со успесите во играта играчот добива можност да се послужи со пет магични секвенци, наречени Знаци. Аард (Aard) овозможува телекинетички удар против непријателскиот лик, Квен (Quen) создава одбранбено поле кое ги задржува нападите на противникот, Ирден (Yrden) поставува магична стапица за чудовишта, Игни (Igni) предизвикува огнен напад, затоа пак Аксии (Axii) дозволува да се преземе контрола над противникот. Знаците можат да бидат развивани, што значи поефективни.

Развој Пред вклучувањето на CD Projekt, Metropolis Software (кој CD Projekt го откупил во 2009 година и го затворил во 2010 година) обезбедиле дозвола од Анджеј Сапковски за неговите романи во серијалот „Вештерот“, околу 1997 година. Сепак, поради неколку други проекти во кои тоа студио било вклучено тогаш, и грижите од нивниот издавач TopWare за меѓународното привлекување на материјалот, проектот не продолжил понатаму од некоја почетна медија и ниво на играње.