Саса или анемона () е род на тревести дикотиледони растенија од фамилијата на лутичиња (Ranunculaceae). Името е изведено од грчките зборови anemos - ветар и mone - живеење, затоа што некои видови се пронајдени на ветровити места. Тоа е релативно голем род на отпорни растенија со убави цветови. Некои имаат кртоласти корења. Живеат во умерени и ладни краишта.

Расте меѓу 15 до 30 см, листови ѝ се во форма на розета, а цветовите можат да бидат црвени, розеви и бели, со шест и повеќе цветни ливчиња. Накчесто се одгледува како украсно цвеќе во дворовите и градините.

Во Македонија од овој род растат 6 вида.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 105, МАНУ, Скопје, 1985

Видови Од април 2020 година, Plants of the World Online признава 63 видови:

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Лутичиња Категорија:Хортикултура Категорија:Лековити растенија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа