Јована Стојилковиќ (Белград, 19 март 1992) е српска глумица. Од второ одделение во основно одела во училиштето за глума на Ненад Ненадовиќ, а во трета година од средно ја добила својата прва улога во филмот Клип. Дипломирала глума на Факултетот по драмски уметности во Белград, во класата на професорот Драган Петровиќ.
Наградена е за улогата Маја во филмот Панама, за најдобра женска улога на Нишките филмски фестували Царица Теодора, фестивалот во Нови Сад и филмскиот фестивал „Лајф“ во Лесковац. Исто така, Јована е наградена за улогата Дуња во краткиот филм Град и најдобра женска улога на Филмскиот фестивал во Сараево. Тука е и Башта фест и Студентскиот фестивал во Илиноис (САД). Исто така има освоено награда на фестивалите на Факултетот по драмски уметности, Мата Милошевиќ и Бранивоје Ѓорѓевиќ. Ја игра главната женска улога во филмот Јужен ветар на Милош Аврамовиќ.
Театар Јована од јануари 2016 година е постојан член на театарот Атеље 212. Исто така, глуми и во театарот Бошко Буха, Звездара театар и Југословенскиот драмски театар.
Филмографија Филмографија на глумицата Јована СтојилковиќГодинаИмеУлога 2000-е2002.Млад позиционерСања2010-е2012.КлипТања2014.Кога љубовта ќе задоцниТатјана2014.Самец во бракотТатјана2014.СамаАна2014.Ноќва срцето ми патиИва2014.Ја бранев Млада БоснаЈелена2015.Ја бранев Млада Босна (ТВ серија)Јелена2015.Ќе бидеме прваци на светотКсенија2015.ПанамаМаја Јовановиќ2015.ЧизмашиДрагиња2016.ГрадДуња2016.Прваци на светотКсенија2016.Sarajevo Songs of Woe2016.Една ноќСофија2016.ТатоАзра2016—2017.Сомнителни лицаМаја2017.Мојата ќерка недостасуваЛаура2017.Сенки над БалканотБојана2018.Шавови2018.Јужни ветарСофија2018.Утрото ќе промени сеАнџела Наводи
Категорија:Луѓе од Белград Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Српски глумци Категорија:Живи луѓе