{ "type": "FeatureCollection", "features": [
"type": "Feature", "properties": { "marker-symbol": "town-hall", "marker-color": "228B22", "marker-size": "medium"}, "geometry": { "type": "Point", "coordinates": [ 21.628046035766605, 41.69457784419823 ]
] } Бањичко Кале (или само Кале) — археолошко наоѓалиште и споменик на природата сместен на 5 км југозападно од селото Бањица во Општина Чашка, Велешко. Претставува доминантен рид со зарамнет врв, кој зафаќа површина од околу 2 декара.
Градиште На ридот се видливи остатоци од градиште од доцноантичкото време од ѕидови во должина од 150 м. Во внатрешноста на градиштето има рушевини од ѕидови на повеќе објекти, големо количество градежен материјал, фрагменти од керамички садови и монети.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Палеонтолошки наоди Бањичкото Кале во 1983 г. е прогласен за природна знаменитост поради застапеноста на фосили во варовничката карпа од периодот на горната креда. Во варовничките плочи се најдени остатоци од богата морска фауна, претставена со школки, амонити и полжави. По богатството на наодите спаѓа во редот на најинтересните наоѓалишта.
Наводи
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Општина Чашка Категорија:Палеонтолошки наоѓалишта Категорија:Споменици на природата на Македонија Категорија:Доцна креда Категорија:Бањица