Мара Бунева (1902 — 1928) — револуционерка и членка на ВМРО (Автономистичка).
На 13 јануари 1928 година во Скопје извршила атентат врз Велимир Прелиќ, обвинител во скопскиот округ на Кралството СХС, по што самата се застрелала и починала следниот ден во болница. Прелиќ починал неколку дена подоцна од повредите. Делото на Мара Бунева е поврзано со Скопскиот студентски процес (1927) и напорите на ВМРО против политиките на Кралството СХС во Вардарска Македонија во периодот меѓу двете светски војни.
Животопис мини|лево|200п Основно училиште завршила во Тетово, а средно образование во Скопје. Таткото на Мара Бунева - Никола С. Бунев бил пријател на видниот публицист родум од Тетово, Матеjа Геров, и на д-р Никола Герасимов. Во семејството на Мара Бунева имало шест деца: Борис, Лазар, Мара, Надежда, Вера и Елена. По завршувањето на Првата светска војна Бунева заминала за Бугарија. Завршила високо образование на Софискиот универзитет, по што се омажила за офицерот од бугарската армија, Иван Хранков. Нејзиниот брат Борис Бунев ја привлекол во редовите на ВМРО и таа почнува да ги извршува наредбите на револуционерната организација, како на неколкупати ја поминувала границата со заговорнички задачи.
Атентатот на Велимир Прелиќ мини|десно|Крвав атентат на Велимир Прелиќ, весник Политика од 14 јануари 1928. По аферата со затворањето и судењето на македонските студенти во Скопје од страна на српските власти, во 1927 година, Бунева се вратила од Бугарија најпрво во Тетово, каде што останала краток период, а потоа во Скопје.
На 13 јануари 1928 година го извршила атентатот врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ, на кејот на реката Вардар, кај Камениот мост во Скопје. Веднаш по атентатот, Бунева самата се застрелала за да не падне во рацете на српските окупаторски власти. На повредите им подлегнала ден подоцна, на 14 јануари.
На атентатот што го извршила Мара Бунева врз Прелиќ му претходел голем судски процес на 20 македонски студенти во Скопје, кој побудил големо интересирање кај европската јавност. Судените биле членови на Македонската младинска тајна револуционерна организација, основана во 1923 година во Виена. Таа имала своја мрежа во Берлин, Грац, Лајпциг, Прага и Париз каде што студирале македонски студенти. Истовремено, свои јадра создала и во Македонија - во Скопје, Штип, Велес, Прилеп, Битола, Крушево, Ресен, Крива Паланка, Куманово, Кратово, Берово, Струмица, Тетово, Радовиш и Неготино. Организатор на ММТРО бил Иван Бојаџиев од Велес, кој студирал во Виена.
Има спротивставени ставови за националната свест на Мара Бунева и побудите за атентатот којшто го извршила, но она што е неспорно е дека нејзиниот самопожртвуван чин ја изразувал македонската борба против тогашниот српски окупатор и стремежот за слобода. thumb|230px|Објава на женската секција на МПО во Канада која го носи името на Мара Бунева
Белешки
Наводи
Поврзано Спомен плоча на Мара Бунева во Скопје Македонската младинска тајна револуционерна организација
Надворешни врски Утрински весник, 11.03.2007, Ликот на мојата тетка е неправедно оцрнет, интервју со Анче Герасимовска, внука на Бунева од нејзината сестра Ленка. Утрински весник, 04.03.2007, Во атентатот на Прелиќ учествувал уште еден човек Утрински весник, 27.02.2007, Ванчо Михајлов умирал и тврдел дека македонска нација не постои Утрински весник, 26.02.2007, Жестока одмазда на српската власт врз македонскиот народ Утрински весник, 25.02.2007, Обвинетите македонски студенти ги бранел Анте Павелиќ Утрински весник, 23.02.2007, Бугарската окупаторска власт ѝ оддаде незапаметена почит Утрински весник, 22.02.2007, Атентаторката на Прелиќ не живее во меморијата на Македонците Утрински весник, 16.01.2007, Двојни аршини на Софија Утрински весник, 15.01.2007, Мара Бунева ја разгоре антимакедонската кампања во Бугарија
Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Луѓе од Тетово Категорија:Починати во Скопје Категорија:Родени во 1902 година