Сент Мартин (корнски: Brechiek, со значење шарен предел покриен со светлина и темнина) е најсеверниот населен остров на Островите Сили во Англија. Има површина од 237 хектари.
Опис лево|мини|Панорамска слика на Сент Мартин. Дневен светилник од десно.|алт= лево|мини|Дневен светилник на Сент Мартин.|алт= На островот има три поголеми населени места Хајер Таун, Мидл Таун и Лоуер Таун,и повеќе расфрлани фарми и куќи со вкупен број на жители 136 според пописот од 2001 година.
Постојат две пристаништа: едното е кај Хајер Таун и е наречено докот на Хајер Таун и е во функција кога е плима, а второто пристаниште е наречено Хотел док и се наоѓа кај Лоуер Таун и е во функција кога е осека. Во Хајер Таун постои пошта.
На островот има лозови насади.
Северниот дел од островот за време на осека е споен со островот Вајт.
Дневен светилник На североисточниот агол од островот се издигнува висок дневен светилник обоен со бели и црвени пруги. Подигнат е во 1683 година од Томас Екинс првиот служител на Годофин семејството кој живеел на островот.
Светилникот е мазна, гранитна, кружна кула со пречник 4.8 метри и височина 6.4 метри,со конусна завршница и вкупна висина од 11 метри. Има заоблена влезна врата што е блокирана и на неа е врежан неточен датум – 1637 година. Белите пруги се обоени до 1822 година,а црвените до 1833 година, така да денес целата кула е со бели и црвени пруги.
Иако светилникот е од современ датум, тој заедно со неколкуте камени могили е вброен во важни древни споменици.
Светилникот е изграден на највисоката точка на Сент Мартин, која е втора по височина на Островите Сили, и е единствената тригонометриска точка на мапата на Националната агенција за мапирање (OS) на Островите Сили, што значи дека светилникот може (ако времето тоа го дозволува) да биде виден од Корнвол и обратно од таму да се види копното на Англија.
Религија Постојат две цркви на Сент Мартин: Англиканска епархиска црква Сент Мартин и методистичка капела. И двете се наоѓаат во околината на Хајер Таун. Методистичката капела била изградена околу 1845 година.
Граѓанска парохија и избирачко место мини|Островите Сили, каде граѓанската парохија и избирачкото место Сент Мартин е прикажан во црвено|алт= Сент Мартин е една од петте цивилни епархии на Островите Сили, и е избирачко место. На оваа епархија покрај овој остров и припаѓаат и неколку ненаселени острови и гребени заедно со островите Истерн Ајлс, Греит Ганили, Вајт и Инглиш Ајланд. Од овој остров се избираат двајца советници за советот на Островите Сили. Граѓанската епархија денес не функционира.
Образование На островот постои основно образование кое е дел од Академијата на петте острови на Островите Сили (порано се нарекувало Училиште на петте острови). Учениците од средно образование се школуваат на островот Сент Мери. каде и престојуваат за време на работните денови сместени во интернат, а дома се враќаат за време на викендот.
Студентите се школуваат на универзитетите на копното во Велика Британија. Порано LSC (англ.Learning and Skills Council), плаќал за сместување на своите студенти на копното.
Поврзано
Список на потонати бродови на Островите Сили
Наводи
Надворешни врски
Дивиот свет на Островите Сили (англиски)
Категорија:Острови во Англија Категорија:Британски Острови