Тиква Алпер (; – ) беше обучуван физичар и стана признат радиобиолог. Покрај останатите иницијативи и откритија, таа е меѓу првите што докажува дека инфективниот агенс кај Скрепи не содржи нуклеинска киселина: откритие кое е клучно во разбирањето на развојот на Прионската теорија.Highfield, Roger, "The End of BSE" . The Telegram. 11 February 2011 Таа е директорка на МРЦ Експерименталната Радиопатолошка единица при болницата Хамерсмит, Лондон, Велика Британија, 1962–1974.
Алпер иако се мажи со Макс Стерн, никогаш не го присвојува неговото презиме.
Ран живот и кариера Тиква Алпер е родена во Јужна Африка како најмладата од четири ќерки во семејство на еврејски бегалци од Русија. Како ученичка во средното училиште за девојки Дурбан, таа е опишана како "најинтелектуално инстакнатата девојка што некогаш учела во училиштето", па матурира една година порано. Во 1929 дипломира физика, исто така порано, на Универзитетот Кејптаун, по што студира во Берлин со јадрената физичарка Лиза Мајтнер во 1930–32, објавувајќи награден труд за делта зраци произведени од алфа-честички во 1933. Во 1932, Алпер се враќа во Јужна Африка и се мажи со (подоцна) реномираниот бактериолог Макс Стерн, пронаоѓачот на најефективната вакцина против антракс кај говеда. Бидејќи на мажените жени тогаш не им се дозволувало да работат на универзитет, Тиква и Макс создаваат домашна лабораторија каде работат заедно. Нивните синови, Џонатан и Мајкл, се родени во 1935 и 1936. Оттогаш, Тиква Алпер ги балансира обврските во мајчинството (Џонатан е роден глув), бракот и кариерата. Ова ги вклучува предвоените и поствоените периоди во Англија, каде таа работи со пионерот во радиобиологија, Даглас Леа. Во период од десет години почнувајќи од 1937, Тиква се обучува и работи како наставник за глуви. Нејзините познавања во областа на физиката и техничките вештини се очигледни во нејзините објавени истражувања за да се направи видлива говорната артикулација за употреба во учењето на говорот кај глувите деца. Станува шеф на одделот за биофизика при Јужноафричката национална физичка лабораторија во 1948.
Подоцнежна кариера И покрај порастот на нивното научно реноме, во 1951, Макс Стерн и Тиква Алпер се принудени да ја напуштат Јужна Африка поради нивните гласни ставови против апартхајдот. Тиква наоѓа неплатена работа како истражувач во МРЦ Радиобиолошките лаборатории во болницата Хамерсмит, Лондон, додека директорското место го држи Хал Греј, со кого се запознава на нејзините претходни посети. Овде, нејзината работа се фокусира на ефектите на зрачењето на клеточната биологија. Комплексите на ефектите на зрачењето врз различни видови клетки и нивната интеракција со други физиолошки и хемиски процеси започнуваат да се мапираат во овој период, продолжувајќи и низ 1950-тите и 60-тите. Таа е директор на Единицата за радиобиологија од 1962 до нејзиното пензионирање во 1974. Нејзиниот најзначаен текст Клеточна радиобиологијаAlper, Tikvah, Cellular Radiobiology. CUP Archive, 1979. е објавен во 1979. Тиква Алпер го продолжува активниот професионален живот и во пензија, што кулминира со "брилијантно предавање на Истражувачкото друштво за зрачење во Далас, САД на 83 годишна возраст..".Alper, T (1993) The Scrapie Enigma: insights from radiation experiments Radiation Research 135, 283–92 Умира во Солсбери, Хемшир, Англија, во 1995.
Улогата на Алпер во идентификувањето на инфективниот агенс кај Скрепи Скрепи е фатална инфективна болест на нервниот систен на овците; една од класата на болести на мозокот што може да ја зарази стоката (BSE) и луѓето (Kuru, nCJD). Се мислеше дека Скрепи се предизвикува од 'бавен вирус' – што може да му бидат потребни години за да се покаже како промена во однесувањето или движењето. Кон средината на 1960-тите, утврдено е дека клетките можат да се реплицираат само преку ДНК. Радиоактивноста ја запира репликацијата на клетките со 'убивањето' на ДНК-та. Алпер открива дека зрачењето не го уништува инфективниот агенс кај Скрепи, со што посочува дека инфективниот агенс не е вирус. Инфективниот агенс мора да е помал и поедноставен од (виралната) ДНК. Алпер исто така открива дека агенсот останува активен и под ултравиолетово зрачење. ДНК е неактивна под ултравиолетова светлина. Наместо тоа, агенсот е уништен од светлина со 237 nm, бранова должина специфична за онеспособување на полисахариди. Тиква и колегите го известуваат светот за овие својства на агенсот кај Скрепи – откритие што за многу четврти е чуден, зашто ја контрира централната догма која тврди дека репликацијата (а со тоа и растот на болеста и нејзините инфективни својства) може да се изврши само преку ДНК. Сепак, кога овие емпирски пронајдоци се прифатени, се развиваат неколку теории што ќе ги поддржат необичните својства на агенсот на Скрепи. Најшироко прифатената теорија денес е прионската теорија, која поставува „непријателска“ белковина како инфективен извор. Како и да е, Алпер не може да прифати дека белковинска 'мутација' е агенсот и тоа поради две главни причини: нејзините проучувања на ултравиолетовото зрачење не посочуваа на белковински агенс и изолирани приони не индуцираат Скрепи. Нејзините теории што се однесуваат на агенсот, се развиени во последните години од нејзиниот живот и предлагаат подинамична и покомплексна приказна.
Наводи
Категорија:Родени во 1909 година Категорија:Починати во 1995 година Категорија:Радиобиолози Категорија:Јужноафрикански научници Категорија:Британски научници Категорија:Јужноафрикански Евреи Категорија:Јужноафрикански физичари