Бренда Џин Ендрјус (; р. 1957 година) — канадски академик, истражувач и биолог, специјалист по системска биологија и молекуларна генетика. Ендрјус е моментално професорка и директорка на одделот за медицинско истражување на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Торонто Бантинг и Бест, каде што исто така и директорува со Ендрјус Лаб при Донели Центарот за клеточно и биомолекуларно истражување. Препознатлива е по нејзините истражувања и публикации поврзани со генетиката и генетските пореметувања. Во 2017, Ендрјус е назначена за универзитетски професор, највисок ранг на Универзитетот во Торонто.
Ендрјус дипломира на Универзитетот Торонто по зоологија во 1980 година, а подоцна докторира по медицинска биофизика во 1986 година. Во 1991 оди на пост-докторско обучување на Универзитетот Калифорнија, Сан Франциско под менторство на генетичарот Ира Херсковиц. Подоцна се враќа на Универзитетот во Торонто за позициите како предавач и истражувал, па станува асистент професор и шеф на Одделот за медицинска генетика. Во 2015 Ендрјус води тим на биолози на Донели Центарот при Универзитетот Торонто кои ја создаваат првата целосно детализирана белковинска мапа на клетка, што ги покажува локациите на сите белковини во една клетка - проект што е насочен кон помагање на зголемувањето и актуелизирањето на истражувањата за канцерозните клетки. Истражувањето се состои од прибирање на информации од 20 милиони клетки. Истражувањето на Ендрју е насочено кон покажувањето на комплексноста на еден ген и како истиот стапува во интеракција со повеќе гени. Таа говори на неколку интернационални конференции, настани и на други универзитети. Бренда е фигура во искажувањето на загриженост поради недостатокот на научни истражувања финансирани од федералната власт и е поборник за зголемување на финансиите за лабораториски истражувања во Канада.
Таа е основач и моментален главен уредник на отвореното научно списание Г3: Гени, Геноми, Генетика од Генетското друштво на Америка.
Награди Во декември 2015, Бренда Ендрјус е наградена со Орденот на Канада како Придружник, највисокото одликување на орденот, за нејзините придонеси во истражувањата по системска биологија и молекуларна генетика. Ендрјус е избрана за член на Кралското друштво на Канада во 2005 и е добитник на бројни награди и членства поврзани со науките, вклучувајќи ги и членствата во Американското друштво за микробиологија, Американската асоцијација за напредок на науката и Канадскиот институт за напредно истражување каде што станува директорка на областа за генетско истражување. Во останатите награди се вбројуваат: Награда Премиер за извонредност во истражувањето Членство на Медицинскиот истражувачки совет на Канада Награда Ира Херсковиц, 2010
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Членови на Кралското друштво на Канада Категорија:Придружници на Орденот на Канада Категорија:Канадски биолози Категорија:Канадски генетичари Категорија:Биофизичарки Категорија:Родени во 1957 година