Бургведел () — град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 15 километри североисточно од покраинскиот главен град Хановер.
Географија Водни површини
мини|лево|Вирмско Езеро во 2011 г.
Природни водотеци се реката Вице, која тече во западниот дел на градот, како и потоците Вулбек и Хенгстбеке.
Во близина на градот се наоѓаат две мали вештачки езера, кои денес се користат за туристички цели: Вирмско Езеро и Шпрингхорстско Езеро. Вирмското Езеро во текот на 2014 година целосно се исушило. На почетокот на 2016 година поголема површина била покриена со вода, со што отпочнал процесот за спас на езерото.
Соседни општини
Бургведел се граничи на запад со општината Ведемарк, на југ со општината Изернхаген, на исток со градот Бургдорф и на север со округот Целе.
Градски единици
Бургведел се состои од седум градски единици:
Енгензен (околу 1.440 жит.), со местото Лаберг Фурберг (околу 2.127 жит.) Гросбургведел (административно седиште, 9.594 жит.) Клајнбургведел (околу 2.492 жит.), со населбите Миленберг, Хајдевинкел, Вице и Вирмзе Олдхорст (околу 115 жит.) Тензе (околу 1.548 жит.) Ветмар (околу 3.507 жит.), со населбите Тексас и Вулфсхорст
Меѓународни односи
Збратимени градови
Барзингхаузен е збратимен со следниве градови:
Донфрон, Франција (од 2008 г.)
Познати луѓе
Карл фон Алтен (1764-1840) — генерал и државник Ото Велер (1894-1987) — генерал и воен злосторник Валмир Сулејмани (р. 1996) — фудбалер Карстен Фридрих Хопенштет (р. 1937) — политичар Вили Рајман (р. 1949) — фудбалер и тренер Гундис Замбо (р. 1966) — глумица Мике Ханке (р. 1983) — фудбалер Кристијан Вулф (р. 1959) — политичар и поранешен претседател на Германија Бетина Вулф (р. 1973) — сопруга на Кристијан Вулф Гералд Азамоа (р. 1978) — фудбалер Дитер Шацшнајдер (р. 1958) — фудбалер Херман Балзен (1927-2014) — стопанственик
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Хановер (регион)