Светлана Јаковлевна Житомирскаја (, ; р. ) — советско-американска математичарка, која работи на динамичките системи и математичката физика.Jitomirskaya's CV
Житомирскаја е родена во Харков. И нејзината мајка, Валентина Борок, и нејзиниот татко Јаков Житомирскиј биле професори по математика.
Нејзините додипломски студии биле на Московскиот државен универзитет, каде што била студентка на, помеѓу другите, Владимир Арнолд и Јаков Синај. Таа докторирала на Московскиот Државен Универзитет во 1991 година, под надзор на Јаков Синај. Се придружила на одделот за математика на Калифорнискиот универзитет, Ирвин, во 1991 година како предавач, во 1994 година станала асистент професор, а во 2000 година станала професор. Таа е најдобро позната по решавањето на тен мартини проблемот, заедно со математичарот Артур Авила.https://arxiv.org/abs/math/0503363
Признанија Во 2005 година, таа била наградена со Рут Литл Сатер наградата за математика, "за нејзината пионерска работа за непертурбативната квазипериодична локализација"..
Во 2002 година таа била поканет говорник на Меѓународниот конгрес на математичарите во Пекинг.
Во 1996 година добила Слоунова стипендија.
Во 2018 година таа била назначена за член на Американската академија на уметностите и науките.
Одбрани публикации
. . .
Наводи
Надворешни врски
Home page of Svetlana Jitomirskaya .
Категорија:Украински математичари Категорија:Американски математичари Категорија:Украински Евреи Категорија:Луѓе од Харков Категорија:Математичарки Категорија:Теоретичари на динамичните системи Категорија:Апсолвенти на Московскиот државен универзитет Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките