алт=Алисија Дикенштајн|мини|Алисија Дикенштајн Алисија Дикенштајн (родена на година, во Буенос Аирес) е аргентинска математичарка, позната по својата работа во алгебарската геометрија, особено торичната геометрија и тропската геометрија. Во моментов, таа е редовен професор на универзитетот во Буенос Аирес и работи како потпретседател на Меѓународниот математички сојуз (мандат 2015-2018 година). Нејзината книга Mate max: la matemática en todas partes ги претставува математичките проблеми наменети за малите деца.Bio information from IMUNewsletter European Mathematical Society June 2012 Issue 84

Дикенштајн докторирала на универсидад де Буенос Аирес во 1982 година. Во 2015 година ја добила наградата ТВАС. Таа е главен и одговорен уредник на списанието Revista de la Unión Matemática Argentina. Во 2018 година, Дикејнштајн била избрана за соработник на Американското математичко друштво за "придонеси во пресметковната алгебра и нејзините апликации, особено во системската биологија, како и за глобалното водство во поддршката на помалку застапените групи во математиката".Class of the Fellows of the AMS , accessed November 1, 2018.

Наводи

Надворешни врски

UBA – Alicia Dickenstein Google Scholar – Alicia Dickenstein

Категорија:Аргентински математичари Категорија:Математичарки Категорија:Луѓе од Буенос Аирес Категорија:Алгебарски геометричари