Лучано Спалети (роден на 7 март 1959, во Черталдо) — италијански фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред. Моментално ја води екипата на .
Биографија Оженет е со Тамара, која е родена во Карпи а ја запознал во Ла Специја. Со неа имаат три деца. Тој имал брат по име Марчело, седум години постар, кој починал на 28 мај 2019 година од рак.
Од 2023 година, тој е Почесен граѓанин на Неапол.
Играчка кариера
Откако пораснал во младинските тимови на и Куоиопели, Спалети го направил своето деби со екипата на Кастелфјорентино во Серија Д. Следната година, тој се преселил во Ентела Бакеца, каде под водството на Џан Пјеро Вентура, тимот стигнал до 5-тото место во Серија Ц2 првенството.
Во 1986 година, тој отишол да игра за , новопромовираниот член во Ц1 лигата: во сезоната 1986-1987, тој придонел за постигнувањето на опстанокот, додека во следните две сезони 1987-1988 и 1988-1989, Специја го освоила 7-мото и 3-тото место, соодветно.
По една сезона помината во екипата на Вијареџо, тој се преселил во , каде што ја завршил кариерата на 34-годишна возраст, играјќи го своето последно првенство во сезоната 1992-1993.
Тренерска кариера Емполи и Сампдорија Во сезоната 1993-1994, тој ја започнал својата кариера како тренер во младинскиот тим на . На шест кола до крајот на првенството во Серија Ц1, тој го замени Адријано Ломбарди како тренер на првиот тим, кој се мачел да излезе од зоната за испаѓање. „аѕурите“ го завршиле првенството на претпоследното место, спасувајќи се од испаѓање во плејаутот каде што ја совладале . Следната сезона, Спалети повторно се вратил во младинскиот тим на Емполи, за потоа одново да добие шанса да го тренира првиот тим во Серија Ц1 1995-1996. Сезоната, полна со успеси, го видела Емполи како го освојува Купот на Италија за екипи од Серија Ц и да избори промоција во Серија Б благодарение на победата во финалето на плејофот над .
Во сезоната 1996-97, „аѕурите“ на Спалети, кои неодамна биле промовирани од втората лига, веднаш заработиле промоција во Серија А, една деценија по претходното искуство на Емполи во највисоката лига. Потврден како тренер на тосканците, на своето деби во Серија А (1997-1998), тренерот го одвел тимот на безбедно место, постигнувајќи опстанок на едно коло пред крајот.
Откако ги оставил тосканците во првата лига, тој бил повикан да ја предводи . Отпуштен во декември, тој бил отповикан помалку од два месеци подоцна, по оставката на Дејвид Плат. Во преостанатите 15 кола од првенството, тој освоил 21 бод, но не успеал да избегне испаѓање за лигурскиот клуб.
Венеција, Удинезе и Анкона Во следната сезона. тој седнал на клупата на , освојувајќи само една победа во првите два месеци од Серија А. Лошиот почеток предизвикал негово отпуштање од функцијата, но само привремено, бидејќи по неколку недели тој бил вратен на клупата. Сепак, конечното отпуштање се случило во февруари 2000 година.
По една година неактивност, во март 2001 година, тој бил повикан на клупата на да го замени Лујџи Де Канио: со 10 освоени бода во 11 кола, фриулијанците ја завршиле сезоната на дванаесеттото место. Заменет од Рој Хоџсон за следната сезона, во декември 2001 година, бил ангажиран од Анкона: со цел да го одведе клубот на безбедно место во Серија Б, стигајќи дури до осмото место.
Во летото 2002 година, тој се вратил во Удинезе, за да го освои шесттото место во првенството што му овозможило на клубот пласман во Купот н УЕФА. Следната сезона, тој повторно се квалификувал со клубот за Европските турнири, завршувајќи на седмото место во првенството. Најдобриот резултат постигнат на клупата на фриулијанците, сепак, било четвртото место во сезоната 2004-2005, подвиг што му го овозможил на Удинезе првото историско учество во Лигата на шампионите.
Рома
По завршувањето на тригодишниот период со Удинезе, тој станал тренер на . Во текот на својата прва сезона тој остварил 11 последователни победи во првенството, кое тимот го завршил на петтото место, пред да биде промовиран на второто место по скандалот Калчополи; во Купот на Италија „џалоросите“ стигнале до финалето, каде загубиле од . Откако се квалификувале за Суперкупот на Италија, по службеното доделување на титулата во првенството на „нероаѕурите“, римскиот клуб бил поразен со 4-3 по продолженија и покрај водството од 3 гола.
Во сезоната 2006-2007, тој го предводел тимот од главниот град до првата квалификација во нивната историја за „нокаут фазата“ на Лигата на шампионите, каде го елиминирале во осминафиналето со нерешен резултат дома и победа во гости. Патот на Рома завршил во четвртфиналето, каде била елиминирана од , претрпувајќи катастрофален пораз од 7-1 во реваншот кој ја поништил нивната тесна победа постигната во првиот натпревар. Во првенството тимот го освоил второто место, со 22 бода зад Интер: сепак, избраниците на Спалети биле единствениот противник способен да се наметне над „нероаѕурите“, поразувајќи ги со 3-1 на Стадионот „Џузепе Меаца“. Одмаздата за скудетото и суперкупот против тимот од Милано се случила во Купот на Италија, каде што тренерот го освоил првиот трофеј во својата кариера: триумфот од 6-2 во првиот натпревар ја запечатил конечната победа, иако Интер остварил пирова победа од само 2-1 во реваншот.
Тосканскиот тренер дополнително го зголемил својот список на почести на почетокот од следната сезона, освојувајќи го Суперкупот на Италија повторно против Интер. Рома ја минала групната фаза од Лигата на шампионите пласирајќи се зад Манчестер Јунајтед, потоа победувајќи го во осминафиналето со двојна победа од 2-1: елиминацијата повторно дошла во четвртфиналето, пак од Јунајтед. На фронтот првенство, по почетното водство, „џалоросите“ биле претекнати од Интер, завршувајќи на второто место. Заостанувајќи три бода на табелата на крајот од првенството, римскиот тим морал да се задоволи повторно со освојувањето на Купот на Италија, уште еднаш на сметка на „нероаѕурите“.
Далеку поразочарувачка од претходните била сезоната 2008-2009, која исто така, започнала со натпревар против тимот од Милано во Суперкупот на Италија, загубен на пенали: исклучен од трката за титулата уште на есен поради кризата со резултатите, римскиот тим успеал да се опорави од тешкиот почеток со пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите. Сепак во таа рунда, пеналите уште еднаш биле кобни по играчите на Спалети кои на тој начин биле поразени од . Конечно „џалоросите“ го завршиле првенството на шесттото место, обезбедувајќи квалификација само за прелиминарните рунди на УЕФА Лига Европа.
Откако го предводел тимот до плсаман во групната фаза од гореспоменатото натпреварување, на 1 септември 2009 година, Спалети поднел оставка поради несогласувања со клубот и поразите претрпени во првите кола од првенството. На негово место како нов тренер на Рома бил избран, Клаудио Раниери.
Зенит Санкт Петербург
На 11 декември 2009 година, било официјализирано неговото потпишување со рускиот клуб . На 16 мај 2010 година, тој го освоил Купот на Русија додека, на 14 ноември, тој го освоил руското првенство, на две кола пред крајот. На 6 март 2011 година, тој исто така, го освоил и Суперкупот на Русија, комплетирајќи ги сите национални трофеи во земјата.
По постигнатите резултати, во февруари 2012 година тој го преформулирал договорот со Зенит, преземајќи вистинска улога на „менаџер“ во рамките на клубот. На 28 април, тој ја освоил својата втора титула во рускиот шампионат на три кола до крајот. Сепак, во Купот на Русија, нивниот пат завршил во четвртфиналето каде испаднале од .
Во сезоната 2012-2013, тие завршиле втори во Премиер лигата на Русија, со два бода зад шампионот ; сепак, на крајот се испоставило дека на Зенит ќе му недостасуваат бодовите од натпреварот загубен службено против Динамо Москва, поради нередите предизвикани од неговите навивачи.
На 10 март 2014 година, по разочарувачкиот почеток на сезоната, тој бил отпуштен.
Враќање во Рома На 14 јануари 2016 година, Рома го објавила враќањето на Спалети на својата клупа, заменувајќи го отпуштениот Руди Гарсија. Во втората половина од сезоната, тосканскиот тренер ги водел „џалоросите“ до 46 освоени бода (скор од 14 победи, 4 нерешени и еден пораз); на крајот од првенството ова бил најдобриот просек на бодови/натпревар меѓу сите тренери во Серија А: 2,42 наспроти 2,39 на Масимилијано Алегри (кој со својот Јувентус го освоил првенството). Тимот од главниот град на крајот од првенството го освоил третото место на табелата со 80 бодови, со што избориле пласман во квалификациите за Лигата на шампиони; во истото натпреварување, но во тековната сезона, Рома била елиминирана во осминафиналето од подоцнежниот европски шампион, Реал Мадрид. Сепак, почнувајќи од почетокот на февруари, голем дел од навивачите на Рома застанале на страната против тренерот поради низа расправии меѓу него и капитенот на тимот, Франческо Тоти, предизвикани од недостатокот на минутажа што му била доделена, а исто така и поради физички проблеми и некои изјави дадени од вториот.
Следната сезона започнала за Рома на Спалети со неуспехот тимот да се квалификува во групната фаза од Лигата на шампионите, откако биле елиминирани од во плејофот; првиот натпревар завршил со резултат 1-1, но катастрофалниот пораз од 0-3 во реваншот во Рим му пресудил на тимот на Спалети. Во УЕФА Лига Европа, Рома испаднала во осминафиналето од Олимпик Лион, додека во Купот на Италија била елиминирани од Лацио во полуфиналето. Во првенството по спектакуларниот дуел со , избраниците на Спалети успеале да го освојат второто место зад , а исто така ги постигнале рекордите за најмногу освоени бодови (87) и најмногу постигнати голови во една сезона на ФК Рома (90), со што Спалети надминал големи тренери од минатото на „џалоросите“, како што се Нилс Лидхолм и Фабио Капело. На 30 мај 2017 година, тој ја напуштил Рома и бил заменет од Еузебио Ди Франческо.
Интер thumb|left|Спалети со во 2018 На 9 јуни 2017 година, тој бил официјално претставен како нов тренер на Интер. Во првенството тимот на „нероаѕурите“ забележал одличен почеток, толку многу што на почетокот на декември се нашол сам на врвот на табелата и бил сè уште непоразен. Сепак, со доаѓањето на зимата, перформансите на тимот претрпеле нагло опаѓање, што предизвикало тие да се лизнат од врвните позиции. Четвртото место, последната можна позиција и минималната зацртана сезонска цел, била постигната во последното коло, со победата над со 2-3 на гостински терен со што истиот противник бил престигнат на табелата благодарение на подобриот оглед во директните средби: за Интер, ова било нивно враќање во најсилното европско континентално натпреварување по седум години. Во Купот на Италија, патувањето на „нероаѕурите“ завршило во четвртфиналето со пораз во Миланското дерби против .
Во сезоната 2018-2019 тимот имал лош старт, пред да постигне серија последователни победи што го вратиле во горните ешалони на табелата; на крајот од првата половина од сезоната, Интер бил трет. Сепак, „нероаѕурите“ доживеале уште еден пад во формата во текот на зимските месеци, но останале во конкуренција за квалификација во најсилното натпреварување на континентот. Уште еднаш, потребно било да се стигне до последното коло за математички целта да биде остварена: победата од 2-1 на домашен терен против Емполи му овозможила на Интер да го потврди четвртото место од претходната година и да се врати во Лигата на шампионите. Во тековната сезона, Интер бил елиминиран уште во групната фаза од Лигата на шампионите селејќи се во Лига Европа, каде пак биле елиминирани од Ајнтрахт Франкфурт во осминафиналето. Во Купот на Италија патувањето било прекинато против Лацио во четвртфиналето. На крајот од првенството, и покрај тоа што ја постигнал минималната сезонска цел, тој не бил повторно потврден од клубот од Милано.
Наполи