Атанас Русоманов ( - во Скопје) — македонски шахист, носител на титулата мајсторски кандидат во Македонија.
Животопис Русоманов е роден во 1956 година. Настапувал за повеќе познати македонски клубови, како што се Студент и Фонографика и со својата комбинаторна игра и резултати постигнати на црно-белите полиња, посебно во 80-те години, тој оставил траен печат во македонскиот шах.
Неговиот највисок шаховски рејтинг бил забележан во јули 1986 година кога изнесувал 2.325 бода, што всушност било на ниво на шахист со титула ФИДЕ-мајстор.
Починал во Скопје на 26 февруари 2018 година.Почина шахистот Атанас Русоманов
Наводи
Надворешни врски Русоманов на FIDE Chess Profile Русоманов на Chess-DB
Категорија:Македонски шахисти Категорија:Југословенски шахисти