Маладаптивно мечтаење е нарушена форма на дисоцијативна апсорпција поврзана со живописно и прекумерно фантазирање што често вклучува елаборирани и фантастични сценарија. Тоа може да резултира со вознемиреност, може да ја замени човечката интеракција и може да попречи во нормалното функционирање како општествениот живот и работата. Луѓето што ја имаат оваа состојба можат да поминат повеќе од половина од нивните денови во создадените живописни алтернативни универзуми.

Маладаптивното мечтаење обично се поврзува со стереотипни движења како шетањето или нишањето, но и потребата за музичка стимулација на фантазиите. Еден од водечките истражувачи на маладаптивното мечтаење и човекот кој го измисли овој термин е професорот на Универзитетот Хаифа, Ели Сомер.

Опсег на мечтаењето Многу искуства на луѓето варираат помеѓу нормалното и абнормалното. Екстремните форми на нормална тага е големо депресивно растројство, грижата може да се развие во анксиозност и социјалното пиење во алкохолизам. Мечтаењето, форма на нормална дисоцијација што се поврзува со апсорпција, е многу распространета ментална активност која ја доживуваат речиси сите.Singer, J. L. (1966) Daydreaming. New York, NY: Random House Се смета дека опфаќа речиси половина од целокупната човечка мисла, со стотици мечтаења дневно.Klinger, E. (2009). Daydreaming and fantasizing: Thought flow and motivation. In K. D. Markman, W. M. P. Klein, & J. A. Suhr (Eds.), Handbook of imagination and mental simulation (pp. 225-239). New York, NY: Psychology Press

Но, некои поединци поседуваат способност да фантазираат толку живописно, што доживуваат чувство на присуство во замислената средина. Ова искуство е многу пријатно за луѓето, па кај некои од нив се јавува потреба да го повторуваат мечтаењето до тој степен што тоа преминува во зависност. Научната литература предлага дека дел од луѓето со маладаптивно мечтаење што можат да го поминат 60% од времето додека се будни во мечтаење времето на будење со мечтаење, може да се каже дека страдаат од однесување на зависност.

Мрежна поддршка Постои сѐ поголем и поголем број на онлајн интернационални групи за маладаптивно мечтаење кои обезбедуваат информации и поддршка, каде поединци тврдат дека со години не знаејќи страдале од маладаптивно мечтаење.

Грасрутс напорите од страна на луѓето со маладаптивно мечтаење да се подигне свеста за нивната состојба, се манифестираат во глобални спонтани напори да се преведе скалата за маладаптивно мечтаење, MDS-16. MDS-16 досега е преведена на 29 јазици, од квалификувани лица што исто така ја имаат оваа состојба.

Истражување за маладаптивно мечтаење Истражувањата покажуваат дека овој феномен е мерлив, дека е стабилен и уникатен и многу лесно може да се разликува од нормалното мечтаење. Истражувањата со MDS-16 покажаа дека лицата кои имаат маладаптивно мечтаење пројавуваат висока застапеност на дефицит на внимание и опсесивно-компулсивни симптоми.

Маладаптивното мечтаење моментално се проучува од конзорциум на научници од различни држави вклучувајќи ги САД, Полска, Швајцарија и Израел.

По објавувањето на двете единствени студии за случаи за третман на маладаптивно мечтаење, истражувањата сега е потребно да развијат практика заснована на докази за лечење на маладаптивното мечтаење.

Поврзано Дисоцијација (психологија) Лутање на мисли Личност склона кон фантазија Општествена анксиозност Одложување Опсесивно-компулсивно пореметување

Наводи

Категорија:Дисоцијативни пореметувања Категорија:Симптоми и знаци: Препознавање, перцепција, емоционална состојба и однесување Категорија:Анксиозност Категорија:Растројства на личноста Категорија:Психијатриски болести и растројства Категорија:Психијатриска дијагноза