Во психологијата, дисоцијација е секое од широкиот спектар на искуства од благо одвојување од непосредната средина до посериозни одвојувања од физичките и емоционалните опкружувања или искуства. Главната одлика на сите дисоцијативни феномени е одвојување од реалноста, а не комплетно губење на чувството за реалност како кај психозите.

Дисоцијацијата обично се прикажува на континуум. Во поблаги случаи, дисоцијацијата може да се смета како механизам за справување или одбранбен механизам во настојувањето да се совлада, минимизира или да се толерира стресот – вклучувајќи ги тука и здодевноста или конфликтот. На непатолошкиот крај на континуумот, дисоцијацијата ги објаснува вообичаените случувања како што е мечтаењето. Понатаму на континуумот се наоѓаат непатолошки изменети состојби на свеста.

Повеќе патолошки дисоцијации се дисоцијативни пореметувања, вклучувајќи дисоцијативни фуги и деперсонализационо пореметување со или без промена на личниот идентитет или чувство за себе. Во овие промени се вбројуваат: чувство дека личноста или светот се нереални (деперсонализација и дереализација); губење на помнењето (амнезија); заборавање на идентитетот или присвојување на ново 'јас' (фуга); различни текови на свеста, идентитетот и себеси (дисоцијативно пореметување на идентитетот, порано нарекуван пореметување на повеќе личности) и комплексно посттрауматско стресно нарушување.

Дисоцијативните пореметување некогаш се предизвикани од траума, но може да им претходи само стрес, психоактивни супстанци или да немаат идентификуван предизвикувач. МКБ-10 го класифицира конверзивното пореметување како дисоцијативно пореметување. Дијагностичкиот и статистички прирачник за ментални пореметувања ги групира сите дисоцијативни пореметувања во единствена категорија.

Иако некои дисоцијативни нарушувања вклучуваат амнезија, други дисоцијативни појави не ја вклучуваат истата. Дисоцијативните пореметувања обично се доживуваат изненадни, автономни упади во нормалниот и вообичаен начин на функционирање на личноста. Поради нивната неочекувана и во голема мера необјаснива природа, имаат тенденција да бидат доста вознемирувачки.

Историја Францускиот филозоф и психолог Пјер Жене (1859–1947) се смета за автор на концептот на дисоцијација. Спротивно од некои концепти на дисоцијација, Жене не верува дека дисоцијацијата е психолошка одбрана.

Психолошките одбранбени механизми ѝ припраѓаат на Фројдовата теорија за психоанализа, а не на Женеовата психологија. Жене тврди дека дисоцијацијата се јавува само кај луѓе кои имаат установена слабост на менталното функционирање што води до хистерија кога тие се под стрес. Иако е точно дека многу од Женеовите истории на случаи опишуваат трауматични искуства, тој никогаш не ја смета дисоцијата за одбрана против тие искуства. Токму спротивното: Жене инсистира дека дисоцијацијата е ментален или когнитивен дефицит. Во согласност со тоа, тој ја смета траумата за една од многуте стресови што можат да ја влошат веќе нарушената "ментална ефикасност" на хистеријата, а со тоа да создаде каскада од хистерични (со денешни зборови, "дисоцијативни") симптоми.

Иако постои голем интерес за дисоцијацијата во последните две декади на деветнаесеттиот век (особено во Франција и Англија), овој интерес рапидно се намалува со доаѓањето на новиот век. Дури и Жене своето внимание го свртува кон други прашања.

Од друга страна пак, постои остар врв на интересот за дисоцијација во Америка од 1890 до 1910, особено во Бостон, што се докажува со работата на Вилијам Џејмс, Борис Сидис, Мортон Принс и Вилијам Мекдугал. Сепак, дури и во Америка, интересот за дисоцијација брзо подлегнува на сѐ поголемиот академски интерес за психоанализа и однесување.

Во поголемиот дел од дваесеттиот век има мал интерес за дисоцијација. И покрај тоа, во 1944, е објавен преглед од 76 претходно објавени случаи (од 1790-тите – 1942), што опишува клинички феномени во согласност со Жене и терапевтите денес.. Во 1971 Бауерс и нејзините колеги претставија детална и сѐ уште доста валидна статија за лекување. Авторите на оваа статија вклучуваа водечки мислители од тоа време – Џон Г. Воткинс (кој ја развива Его-државна терапија) и Зигмунт А. Пиотровски (познат по неговата работа на Роршаховиот тест). Интерес за дисоцијацијата повторно се буди кога Ернест Хилгард (1977) ја објавува својата неодисоциајтивна тоерија во 1970-тите. За време на 1970-тите и 1980-тите се забележува зголемување на бројот на клиничари и истражувачи кои пишуваат за дисоцијацијата, поточно за пореметувањето на повеќе личности.Van der Hart, O & Dorahy, M.J. (2009). History of the concept of Dissociation. In Dell, P.F. & O'Neil J.A. (Eds). Dissociation and the Dissociative Disorders: DSM V and beyond, Routledge, New York.

Карл Јунг ги опишува патолошките манифестации на дисоцијација како специјални или екстремни случаи на нормалното дејствување на психата. Оваа структурална дисоцијација, спротивставена напнатост и хиерархија на основните ставови и функции кај нормалната поединечна свест е основата на Јунговите Психолошки Типови. Тој теоретизира дека дисоцијацијата е природна потреба на свеста да функционира на една способност, без разлика на барањата на нејзината спротивставеност.

Во последните години се свртува вниманието кон дисоцијацијата како клиничка состојба, како што се зголемува знаењето за посттрауматско стресно пореметување, поради интересот за дисоцијативното нарушување на идентитетот, како и истражувањата за невровизуелизација и студиите за популацијата ја покажууваат нејзината важност.

Историски, психопатолошкиот концепт на дисоцијација исто така има различен корен: концептуализацијата на Ојген Блојлер која ја разгледува дисоцијацијата поврзана со шизофренија.

Дијагноза

Дисоцијацијата во примероците на заедницата најчесто се мери со помош на Скалата за дисоцијативни искуства. ДСП-IV симптомите како деперсонализација, дереализација и психогенска амнезија ги смета за основни одлики на дисоцијативните пореметувања.Dissociative Disorders ( Diagnostic and Statistical Manual of Mental Disorders, Fourth Edition ) Сепак, кај нормалната популација, дисоцијативните искуства што не се клинички значајни се високо распространети со 60% до 65% од испитаниците кои укажуваат на тоа дека имале некои дисоцијативни искуства. СЦИД-Д е структурно интеервју што се користи за проценка и дијагноза на дисоцијацијата.

Поврзаност со траума и злоставување Дисоцијацијата се опишува како една од многуте симптоми доживеани од жртви на повеќе форми на детски трауми, вклучувајќи физичко, психолошко и сексуално злоставување. Ова е поддржано од студии кои сугерираат дека дисоцијацијата е поврзана со историја на трауми.

Се чини дека дисоцијацијата има висока специфичност и ниска чувствителност за историјата на самопријавување на трауми, што значи дека дисоцијацијата е многу позастапена помеѓу оние кои се трауматизирани, но истовремено постојат и многу луѓе кои имаат доживеано траума, а не покажуваат симптоми на дисоцијација.

Дисоцијацијата кај возрасни, кога ќе се комбинира со историја на детско злоставување и посттрауматски стресни пореметувања (ПТСП) поврзани со меѓучовечко насилство, се покажува дека истата влијае на нарушувања во родителството, како што е изложеноста на млади деца на насилни медиуми. Таквото однесување пак, придонесува кон циклуси на семејно насилство и траума.

Симптомите на дисоцијација што е резултат на трауми вклучуваат деперсонализација, психолошко одвојување, исклученост или амнезија, во зависност од случувањата при злоставувањето. Се хипотезира дека дисоцијацијата може да обезбеди привремено ефикасен одбранбен механизам во случаи на тешка траума; сепак, долготрајно, дисоцијацијата се поврзува со намалено психолошко функционирање и прилагодливост.

Понекогаш други симптоми кои се сретнуваат заедно со дисоцијацијата кај жртвите на трауматично злоставување (честопати наречени "секвели на злоупотреба") се анксиозност, ПТСП, ниска самодоверба, соматизација, депресија, хронична болка, меѓучовечка дисфункција, злоупотреба на сусптанци, самоповредување и самоубиствени идеи или постапки. Овие симптоми можат да ја наведат жртвата да ги претстави симптомите како извор на проблемот.

Злоупотребата на деца, особено хроничната злоупотреба што почнува во раните години, е поврзан со високите нивоа на дисоцијативни симптоми кај клинички пример, вклучувајќи амнезија за мемориите поврзани со насилството. Неклинички пример на возрасна жена ги поврзува зголемените нивоа на дисоцијација со сексуално насилство од многу постар човек пред возраст од 15 години. Дисоцијацијата исто така е поврзана со историја на физичко и сексуално злоставување во детството. При истражувањето на сексуалното насилство како извор на дисоцијација утврдено е дека нивоата на дисоцијативните симптоми се зголемуваат заедно со сериозноста на злоставувањето.

Преглед статија од 2012 година ја поддржува хипотезата дека актуелната или неодамнешна траума може да влијае врз проценката на поединецот за подалечното минато, менувајќи ги минатите искуства и резултирајќи со дисоцијативни состојби.

Психоактивни супстанци

Психоактивните дроги често можат да индуцираат состојба на привремена дисоцијација. Супстанците со дисоцијативни одлики вклучуваат: кетамин, диазотен оксид, алкохол, тилетамин, амфетамин, декстрометорган, дизоцилпин, пеницилидин, метоксетамин, салвиа, мускимол, атропин, ибогаин и миноцилин.

Поврзано

Променети состојби на свеста Гранично пореметување на личноста Справување (психологија) Дисоцијатив Дисоцијативно пореметување Скала за дисоцијативни искуства Дисоцијативно пореметување на идентитетот Емоционално одвојување Личност склона кон фантазија Меѓународно општество за проучување на траума и дисоцијација Лутање на мисли Поттисната меморија Поделба (психологија)

Наводи

Надворешни врски International Society for the Study of Trauma and Dissociation The official journal of the International Society for the Study of Dissociation (ISSD), published between 1988 and 1997

Категорија:Абнормална психологија Категорија:Дисоцијативни пореметувања Категорија:Гранично пореметување на личноста Категорија:Симптоми и знаци: Препознавање, перцепција, емоционална состојба и однесување Категорија:Психолошки концепти Категорија:Одбранбени механизми