, или само Хачико на македонски изговор, било куче од јапонската раса Акита ину што се памети по неговата икслучителна лојалност кон неговиот сопственик, Хидесабуроо Уено, кого продолжило бескомпромисно да го чека на Шибуја железничката станица дури девет години по смртта на Уено.
Хачико е роден на 10 ноември 1923 година, во фарма во близина на градот Оодате, Акита. Во 1924 година, Хидесабуроо Уено, професор на Универзитетот во Токио, го донел да живее во Шибуја, Токио, како негово милениче. Хачико обично го чекал Уено на железничата станица Шибуја секој ден по неговото патување до дома. Ова продолжило до 21 мај 1925 година, кога Уено починал од церебрална хеморагија додека бил на работа. Од тогаш, па сè до неговата смрт на 8 март 1935 година, Хачико секој ден се враќал на Шибуја станицата очекувајќи го враќањето на Уено.
За време на неговиот живот, кучето се сметало во јапонската култура како пример за лојалност и верност. Скоро по еден век од неговата смрт, тоа продолжува да биде запаметено во светската популарна култура, со споменици, филмови, книги и појави во различни медиуми. Хачикоо на јапонски јазик е познато како „чуукен Хачикоо“ (忠犬ハチ公, „верното куче Хачико“), со хачи што значи „осум“ и „-коо“ што потекнува како наставка што некогаш се користела за античките кинески кнезови; така, Хачико грубо може да се преведе како „Г-дин Осум“ или „Кнез Осум“.
Живот мини|300п|Станицата Шибуја во Таишоо ерата и во предвоената Шооуа ера (1912–1945 г.) мини|300п|Последна позната фотографија од Хачико - сликана со сопругата на неговиот сопственик Јаеко Уено (прв ред, втора од десно) и железничкиот персонал во жалост во Токио на 8 март 1935 година. Хачико, златно-кафеаво Акита ину куче, е роден на 10 ноември 1923 година во фарма сместена во Оодате, Акита, Јапонија. Во 1924 година, Хидесабуроо Уено, професор на земјоделскиот оддел на Универзитетот во Токио, го зел Хачико како домашно милениче и го донел да живее во Шибуја, Токио. Уено секојдневно патувал на работа, а Хачико ја напуштал куќата за да го пречека на крајот на секој работен ден на блиската станица Шибуја. Тие ја продолжиле дневната рутина сè до 21 мај 1925 година, кога Уено повеќе не се вратил. Професорот претрпел церебрална хеморагија, додека држел предавање на својот час и починал, без никогаш да се врати на железничката станица на која го чекал Хачико.
Секој ден, во следните девет години, девет месеци и петнаесет дена, Хачико го чекал враќањето на Уено, појавувајќи се точно кога возот требало да стигне на станицата.
Хачико го привлекол вниманието на другите патници. Многу од луѓето што ја посетувале железничката станица Шибуја, секој ден ги гледале Хачико и професорот Уено. Првичните реакции од луѓето, особено од оние што работеле на станицата, не биле нужно пријателски. Меѓутоа, по првото појавување на насловната страница во весникот „Асахи Шимбун“ на 4 октомври 1932 година, луѓето започнале да му носат на Хачико закуски и храна, хранејќи го за време на неговото чекање.Dog faithfully awaits returning of his master for past 11 years story Posted Aug 18, 2007, by Chris V. (cgull) in Lifestyle of Digital journal. Accessed July 8, 2008
Публикација Еден од студентите на Уено, Хирокичи Саито, кој развил експертиза за Акита расата, го видел кучето на станицата и го следел до домот на поранешниот градинар на Уено, Кузаборо Кобајаши,Bouyet, Barbara. Akita, Treasure of Japan, Volume II. Hong Kong: Magnum Publishing, 2002, page 5. . Accessed via Google Books on April 18, 2010. каде ја слушнал приказната за животот на Хачико. Набргу по состанокот, поранешниот студент објавил документиран попис на Акита кучиња во Јапонија. Неговото истражување открило дека останале само 30 чистокрвни Акита, вклучувајќи го и Хачико од станицата Шибуја.
Често се враќал да го посетува Хачико, и со текот на годините објавил неколку статии за извонредната лојалност на кучето. Во 1932 година, една од неговите статии, објавена во „Асахи Шимбун“, го ставила кучето во очите на нацијата.
Хачико станал национална сензација. Неговата верност кон сеќавањето на неговиот господар ги импресионирала луѓето во Јапонија како дух на семејна лојалност кон која сите треба да се стремат да ја постигнат. Наставниците и родителите го користеле бдението на Хачико како пример што треба да го следат децата. Теру Андо направил скулптура во чест на кучето, и низ целата земја се зголемила новата свест за расата Акита.
На крајот, верноста на Хачико станала национален симбол на лојалност, особено кон личноста и институцијата на Императорите.
Смрт Хачико починал на 8 март 1935 година на 11-годишна возраст. Тој бил пронајден на улица во Шибуја."Hollywood the latest to fall for tale of Hachiko ," The Japan Times, June 25, 2009 Во март 2011 година, научниците конечно ја решиле причината за смртта на Хачико: кучето имало терминален рак и инфекција од филарија. Во стомакот на Хачико имало и четири јакитори стапчиња (како за ражен), но тие не му наштетиле на неговиот стомак ниту ја предизвикале неговата смрт.
Наследство мини|300п|8 март 1936 г., една година од смртта на Хачико. мини|300п|Таксидермијата на Хачико. мини|300п|Шибуја Хачико минибус. мини|300п|Гробот на Хачико покрај гробот на професорот Уено на гробиштата во Аојама, Минато, Токио. мини|300п|Гробниот споменик на Хачико, на гробиштата Аојама. По неовата смрт, остатоците на Хачико биле кремирани и неговата пепел била погребана на гробиштата во Аојама, Минато, Токио, каде што почиваат покрај оние на саканиот господар на Хачико, професорот Уено. Крзното на Хачико, кое било зачувано по неговата смрт, било наполнето и прицврстено и во моментов е постојано изложено во Националниот музеј за природа и наука на Јапонија во Уено, Токио.Opening of the completely refurbished Japan Gallery of National Museum of Nature and Science "In addition to the best-loved specimens of the previous permanent exhibitions, such as the faithful dog Hachikō, the Antarctic explorer dog Jiro and Futabasaurus suzukii, a plesiosaurus native to Japan, the new exhibits feature a wide array of newly displayed items." 2007 The National Science Museum, Tokyo. Accessed November 13, 2007
Бронзени статуи Во април 1934 година, на станицата Шибуја била подигната бронзена статуа според неговата личност, а извајана од Теру Андо. Статуата била рециклирана за време на воените напори во Втората светска војна. Во 1948 година, Такеши Андо (син на оригиналниот уметник) направил втора статуа.Newman, Lesléa. Hachiko Waits. Macmillan, 2004. 91. Retrieved from Google Books on February 25, 2011. , . Новата статуа, подигната во август 1948 година, сè уште стои и е популарно место за состаноци. Влезот на станицата во близина на оваа статуа е именувана „Хачикоо-гучи“, што значи „Влез Хачико“ и е една од петте влеза во станицата Шибуја.
Слична статуа стои и во родниот град на Хачико, пред станицата Оодате. Во 2004 година, била поставена нова статуа на Хачико пред во Оодате, Јапонија. [ потребно е цитирање ] По објавувањето на американскиот филм „ХАЧИ: ПРИКАЗНА ЗА КУЧЕТО“ (2009 г.), кој бил снимен во Вунсокет, Род Ајленд, Јапонскиот конзулат во Соединетите држави им помогнал на Советот за туризам на Блекстоун долината и градот Вунсокет да подигнат идентична статуа на Хачико на Вунсокет Депо плоштадот, кој бил локацијата на измислената железничка станица „Бедриџ“, претставена во филмот. [ потребно е цитирање ] На 9 март 2015 година, Земјоделскиот факултет при Универзитетот во Токио ја открил бронзената статуа што го прикажува Уено како се враќа да се сретне со Хачико на Универзитетот во Токио, Јапонија, во знак на одбележување на 80-годишнината од смртта на Хачико. Статуата е извајана од Тсутому Уеда од Нагоја, која прикажува многу возбуден Хачико како скока да го поздрави својот господар на крајот од еден работен ден. Уено е облечен во капа, костум и долг мантил, а неговата актовката е спуштена на земја. Хачико носи украсен ремен како што се гледа на неговите последни фотографии.
Годишна церемонија Секоја година на 8 март, посветеноста на Хачико е почестена со свечена меморијална церемонија на железничката станица Шибуја, Токио. Стотици љубители на кучиња честопати излегуваат во чест на неговиот спомен и лојалност.American Kennel Club (listed author): Complete Dog Book: The Photograph, History, and Official Standard of Every Breed Admitted to AKC Registration, and the Selection, Training, Breeding, Care, and Feeding of Pure-bred Dogs, Howell Book House, 1985, page 269. .Ruthven Tremain, The Animals' Who's Who: 1,146 Celebrated Animals in History, Popular Culture, Literature, & Lore, Scribner, 1984, page 105. . Accessed via Google Books August 21, 2008.
Лаежот на Хачико Во 1994 година, радио станицата Културно Емитување во Јапонија успеала да извлече снимка од лаежот на Хачико од стара грамофонска плоча, која била искршена на парчиња. Следела огромна рекламна кампања и на 28 мај 1994 година, 59 години по неговата смрт, милиони радио слушатели се вклучиле за да слушнат како лаел Хачико.Retrieved 13 November 2018.
Шибуја општински минибуси Во 2003 година, општината Шибуја вовела нови минибуси (официјално наречени „заеднички автобуси“) во општината и ги нарекла „Хачико-автобуси“. Денес постојат четири различни рути.
Слики Во јули 2012 година, ретки фотографии од животот на Хачико биле прикажани во Народниот и книжевен ширане меморијален музеј во Шибуја, во општината Шибуја, како дел од „Шин Шузо Ширјотен“ (Изложба на новозачувани материјали).
Во ноември 2015 година, за прв пат била објавена претходно неоткриена фотографија на Хачико. Сликата, која била сликана во 1934 година од вработен во банка во Токио, покажува како кучето се одмара самостојно пред станицата Шибуја.
Јаеко Сакано , почесто како Јаеко Уено, била невенчаната жена на Хидесабуроо Уено околу 10 години, сè до неговата смрт во 1925 година. За Хачико, посведочено е дека покажувал голема среќа и приврзаност кон неа секогаш кога ќе го посетела. Јаеко починала на 30 април 1961 година, на 76-годишна возраст и била погребана во храмот во Таитоо, подалеку од гробот на Уено, и покрај нејзините барања од членовите на нејзиното семејство да биде погребана со нејзиниот покоен партнер.
Во 2013 година, тестаментот на Јаеко, според кој сакала да биде погребана со Уено, го пронашол Шо Шиозауа, професор на Универзитетот во Токио. Шиозауа бил претседател и на Јапонското друштво за наводнување, дренажа и рурално инженерство, кое управува со гробот на Уено на гробиштата Аојама.
Подоцна, на 10 ноември 2013 година, на одбележувањето на 90-годишнината од раѓањето на Хачико, Шо Шиозауа и Кеита Матсуи, кустос на Народниот и книжевен ширане меморијален музеј во Шибуја, ја почувствувале потребата Јаеко да биде погребана заедно со Уено и Хачико.
Процесот започнал со изготвена согласност од семејствата Уено и Сакано и успешните преговори со управата на гробиштата Аојама. Сепак, поради регулативата и бирократијата, процесот траел околу 2 години. Шиозава исто така продолжил како еден од организаторите вклучени во подигнувањето на бронзената статуа на Хачико и Уено, која била откриена во дворот на Универзитетот во Токио на 9 март 2015 година во знак на одбележување на 80-годишнината од смртта на Хачико.
Обединување на семејството на Хачико На 19 мај 2016 година, за време на церемонијата на гробиштата Аојама со присутните семејства Уено и Сакано, дел од пепелта на Јаеко Сакано била погребана заедно со Уено и Хачико, и нејзиното име и датумот на нејзината смрт биле запишани од страната на надгробниот споменик, со што се исполнило обединувањето на семејството на Хачико.
„Ставајќи ги имињата на двајцата на нивниот гроб, можеме да им укажеме на идните генерации на фактот дека Хачико имал двајца чувари“, рекол Шиозава. „На Хачико, професорот му беше татко, а Јаеко му беше мајка“, додал Матсуи.
Филмски и книжевни адаптации