Бенјамин Нетанјаху (, ) — израелски политичар и сегашен премиер на Израел од 2022 година, а претходно бил на истата должност од 1996 до 1999 година и од 2009 до 2021 година. Тој е претседател на израелската конзервативна политичка партија Ликуд од 2005 година. Нетанјаху е првиот израелски премиер кој е роден во Израел. Тој е и премиер на Израел со најдолг стаж, надминувајќи го првиот премиер на државата Давид Бен-Гурион.
Рани години Бенјамин Нетанјаху е роден во Тел Авив во 1949 година, во секуларно еврејско семејство, од мајка Цила Сегал и татко Бенцион Нетанјаху, родум од Варшава. Бенјамин има сефардско потекло.Itamar Eichner (25 мај 2016) "Netanyahu: I have Sephardic roots as well", Ynetnews Тој израснал во Ерусалим, каде што го завршил основното образование. Неговото семејство во две наврати во неговите детски и тинејџерски години живеело во Филаделфија, САД, каде Бенјамин во 1967 година го завршил средното образование. Истата година се вратил во Израел и се приклучил на Израелските одбранбени сили.
мини|лево|150п|Нетанјаху со војник со доживотен инвалидитет здобиен во операцијата „Ентебе“ Во 1972 година заминал за САД за да студира архитектура на Масачусетскиот институт за технологија, но следната година одново се вратил во Израел и се вклучил во израелската војска за да учествува во Октомвриската војна. По завршувањето на МИТ се вработил како економски советник во светска консултантска фирма. Во 1978 година повторно се вратил во Израел. Бенјамин го основал Противтерористичкиот институт „Јонатан Нетанјаху“, именуван по неговиот брат кој загинал во операцијата Ентебе.
Воена кариера Откако влегол во Израелските одбранбени сили кратко по Шестдневната војна во 1967 година, Нетанјаху останал на воена служба пет години. Тој бил водач на тим во специјалната разузнавачка единица Сајерет Маткал. Поважни воени операции во кои учествувал се операциите Инферно и Подарок кои биле извршени во 1968 година, а во 1972 година Нетанјаху бил дел од тимот командоси кој во рамките на операцијата Изотоп го ослободил Летот 571 на Сабена, киднапиран од припадници на палестинската организација Црн септември. Во оваа операција Нетанјаху бил повреден од негов колега кој намерил да стрела во еден од напаѓачите, но куршумот завршил во бицепсот на Бенјамин. Во воената кариера Нетанјаху бил на фронтот на Војната на исцрпување и Јомкипурската војна, учествувал во рации долж Суецкиот Канал и предводел командо офанзиви длабоко во територијата на Сирија.Amir Buhbut, "Sayeret Matkal is 50 years old" , NRG MaarivMitch Ginsburg (25 октомври 2012) "Saving Sergeant Netanyahu", The Times of Israel Нетанјаху ја напуштил војската со чин капетан.
Политичка кариера мини|лево|150п|Првата средба на Нетанјаху со палестинскиот претседател Јасер Арафат на граничен пункт, 1996 г. Во 1984 година Нетанјаху бил назначен на функцијата постојан претставник на Израел во Обединетите Нации и истата функција ја извршувал до 1988 година. Нетанјаху станал претседател на десничарската политичка партија Ликуд во 1993 година.
По три години како претседател на партијата, Нетанјаху победил на општите избори во Израел во 1996 година и со тоа станал најмладиот премиер на Израел. Тој бил на премиерската функција од јуни 1996 до јули 1999 година. Откако загубил на изборите во 1999 година, Нетанјаху се повлекол во приватниот сектор, но се вратил во политиката во 2002 година, прво како министер за надворешни работи до 2003 година, а потоа бил министер за финансии од 2003 до 2005 година. Нетанјаху се повлекол од владата на Ариел Шарон поради несогласувањата кои ги имал со планот за повлекување од Појасот Газа, согласно кој израелската војска го напуштила појасот и израелските населби во областа биле уништени и евакуирани. Како министер за финансии, Бенјамин учествувал во голема реформа на израелската економија која значително ги подобрила подоцнежните економски резултати на државата.Thomas G. Mitchell Likud Leaders (McFarland 2015), Chapter 10
Нетанјаху повторно го презел раководството на Ликуд во декември 2005 година, откако дотогашниот претседател Шарон ја напуштил партијата и формирал нова партија. Во декември наредната година Нетанјаху официјално станал лидер на опозицијата во Кнесетот. По парламентарните избори во 2009 година, на кои Ликуд завршил на второ место, а десничарските партии го освоиле мнозинството, Нетанјаху формирал коалиција и по втор пат станал премиер. Тој победил и на изборите во 2013 година и со тоа станал втор премиер на Израел избран за трет мандат, што дотогаш го постигнал само основачот и прв премиер на државата Давид Бен-Гурион. Нетанјаху уште еднаш победил на изборите во 2015 година, освојувајќи четврти мандат.
мини|десно|240п|Претседателот на САД, Доналд Трамп, се ракува со Нетанјаху, за време на претставување на план на администрацијата на Трамп за мир на Блискиот Исток На законодавните избори кои се одржале во месец април 2019 година, партијата на Нетанјаху, Ликуд, и политичката коалиција „Сина и бела“, предводена од Бени Ганц, освоиле по 35 места во парламентот, но ниту една партија не успеала да формира влада, па поради тоа други избори биле одржани во месец септември истата година. На овие избори центристичката коалиција „Сина и бела“ успеала да добие едно пратеничко место повеќе од Ликуд. Сепак, Ганц повторно не успеал да формира влада, па поради тоа го вратил мандатот, со што Нетанјаху останал технички премиер. На 2 март 2020 година биле одржани нови законодавни избори, трети во период од една година.
Кривични истраги Од декември 2016 година Нетанјаху е под истрага на израелската полиција во неколку случаи. Во еден случај тој е осомничен за добивање вредни подароци и бенефиции од неколку богати познаници на неговото семејство. Во друг случај пак се работи за прислушувани разговори водени меѓу Нетанјаху и Арнон Мозес, издавач на дневниот и еден од најголемите израелски весници Едиот Ахронот. Во овој случај Нетанјаху наводно понудил да помогне во ослабнување на весникот Израел Хајом, конкуренција на Едиот Ахронот, во замена за пододворувачка и попозитивна покриеност на неговата политика од страна на Едиот Ахронот. Нетанјаху индиректно е опфатен и во неколку други случаи. Ваквите обвинувања довеле до протести, но и контрапротести, поддржaни од симпатизери на Нетанјаху и неговата политичка партија Ликуд. Од ноември 2019 година Нетанјаху е обвинет за повреда на доверба, подмитување и измама. Со тоа, тој станал првиот премиер во историјата на Израел кој бил обвинет од суд.
Библиографија
Наводи
Надворешни врски Официјална мрежна страница
Категорија:Израелци Категорија:Премиери на Израел Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1949 година