Долна Горица — село во Општина Пустец, Област Горица, југоисточна Албанија. Селото се наоѓа во географската област Мала Преспа.
Географија и местоположба Селото е сместено под источните падини на планината Сува Гора и излегува на заливот Завир во Преспанското Езеро. Осровот Голем Град е на растојание од околу 5 км.
Историја Истражување на крајот на XIX век покажува постоење на 75 куќи и 67 машки македонски жители.
Во февруари 1996 г. во селото се одржува конференција на која присустуваат членови на Владата на Република Македонија каде се разговара за македонското малцинство во Албанија. Во 2013 г., името на селото Goricë e Vogël се менува во македонското име Долна Горица.
Култура Во 2002 х. во селото се отвора библиотека исклучиво со книги на македонски јазик. Споменик на Македонците - бегалци од граѓанската војна во Грција е откриен во селото во 2013 г. Долна Горица е седиште на Денот на виното, кој се одржува секоја година во декември.
Демографија Според Васил К’нчов во 1900 г. селото броело 42 православни Македонци.
ГодинаНаселение 1900 42 1926 511 (со Горна Горица) 1945 149 1960 108 1969 210 1979 271 1989 253 2000 364
Родови Долна Горица е македонско село.
Родови во селото се: Вурмовци (доселени се од Туминец во 1955 година), Горичени, Доневци, Трајковци, Калешковци, Шумкаровци и Шулиновци (доселени се од Шулин).
Општествени установи
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Албанија Категорија:Пустец (општина) Категорија:Македонски населби во Албанија