Ирина Вјачеславовна Ракоболскаја () беше член на 46. Таманска гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк и подоцна станува шеф на кабинетот за време на војната. По војната работи како физичар на Московскиот државен универзитет и ги проучува космичките зраци. Добива бројни високи државни награди во нејзината кариера, како и титулата почесен научник на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република. Пишува книга со Наталија Кравтсова насловена Нѐ викаа Ноќни вештерки за нивните искуства во 46. Таманска гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк, бидејќи прекарот Nachthexen, даден од Германците за полкот, во превод значи „ноќни вештерки“.

Ран живот

Ракоболскаја е родена во 1919 година во градот Данков во семејство на наставници по физика. По завршувањето на средното училиште во 1938, запишува физика на Московскиот Државен Универзитет.

Воена кариера

Ракоболскаја се придружува на армијата во октомври 1941 година по почетокот на Втората светска војна, напуштајќи го Универзитетот во четвртата година од нејзините студии; седум други студентки од Универзитетот исто така се вклучуваат кон 588-от Ноќен бомбашки полк и обучувањето на военото воздухопловно училиште Енгелс. По завршувањето на обуката во 1942, именувана е за шеф на кабинетот на полкот и се вклучува во вкупно 15 летови.

Подоцнежен живот и придонеси кон науката

Во 1946 Ирина е демобилизирана од армијата и ја завршува четвртата година на Универзитетот, при што дипломира во 1949, по одбрана на нејзината теза за миони, развиена под менторство на Георгиј Зацепин и Владимир Векслер.

Од 1950 до 1963 работи како асистент, а од 1963 до 1977 како асистент професор. Во 1977 станува професор на одделот за космичко зрачење при катедрата за физика на Московскиот Државен Универзитет.

Во 1968, во соработка со Георгиј Зацепин, Ракоболскаја посветува лабораторија на проучувањето на космичкото зрачење на Институтот за јадрена физика на Московскиот Државен Универзитет и е шеф на истата сѐ до 1991. Во 1968, наредува инсталација на емулзиони комори за Х-зраци на длабочина од 60 метри под земјата на Московското метро за истражување на зенитната аголна дистрибуција на миони. Врз основа на резултатите од истражувањето, проучен е необичен феномен - копланарно проширување на секундарните честички; се утврдува енергетскиот праг и зависност на феноменот.

Од 1971 станува заменик шеф на Одделот за космичко зрачење и вселенска физика на МСУ и предава курсеви по космичко зрачење и јадрена физика.

Во 1962 ја одбранува нејзината теза како кандидат за диплома по физички и математички науки, а во 1975 ја брани тезата за нејзиниот докторат по физички и математички науки на тема генерирање на миони со висока енергија во космичките зрачења. Објавува над 300 трудови, вклучувајќи и учебник по јадрена физика.

Во текот на нејзината кариера образува над 80 000 студенти, станува шеф на МСУ унијата на жени и е член на Академскиот совет на МСУ, Научниот совет на одделот за физика и Научниот совет за космичко зрачење на Руската академија на науките. По пензионирањето, продолжува да дава часови и да предава повремено. Нејзиниот син, Андреј Линде, станува теоретски физичар, а нејзиниот друг син Николај Линде станува психолог. Ирина Ракоболскаја умира на 22 септември 2016 и е закопана до нејзиниот сопруг на Новодевичиските гробишта.

Награди

Воени Орден на Црвеното Знаме Три Ордени на Патриотската Војна Орден на Црвената Ѕвезда Различни јубилејни медали

Цивилно Почесен научник на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република Почесен професор на Московскиот Државен Универзитет Орден на Честа Медал "Ветеран на трудот" Медал "За заслуги во пописот на руското население"

Наводи

Категорија:Родени во 1919 година Категорија:Починати во 2016 година Категорија:Руски воздухопловци Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме Категорија:Добитници на Орденот на Патриотската Војна, втора класа Категорија:Добитниви на Ореднот на Патриотската Војна, прва класа Категорија:Руски физичари Категорија:Добитниви на Медалот на Жуков Категорија:Носители на Орденот на Црвената ѕвезда Категорија:Советски физичари Категорија:Носители на орденот „Знак на Честа“ Категорија:Погребани на Новодевичките гробишта Категорија:Починати во Москва Категорија:Носители на Орденот на Татковинската војна од I степен Категорија:Носители на Орденот на Татковинската војна од II степен