мини|Љубишња Љубишња — планина на север на Црна Гора. Нејзините највисоки врвови се наоѓаат на 2238 метри. Еден дел од Љубишње е во Република Српска.

Низ неа минува локалниот пат што води кон Фоча. На Љубишња се наоѓа рудникот за олово и цинк „Шупља Стијена“. Планината е покриена со четинарска шума. Во Црна Гора е позната по различни ендемски и лековити растенија. Често снегот останува и на лето, а во зима има неколку метри, кога селата и населбите се целосно отсечени.

Легендата вели дека името било дадено за време на средновековниот владеење на Стјепан Вукчиќ Кошача во Херцеговина. Тој отишол по невеста за својот син во Пљевља, преку Љубишња. Сепак, младата многу му се допаднла, и тој ја силувал на падините на планината, која од тогаш е позната како Љубишња. Откако слушнал што се случило, синот тргнал со војска да го нападне својот татко, но овој ги свртел потковиците на коњите наопаку, го измамил својот син и избегал.

Планината е околу 30 километри од најблискиот град Пљевља.

На нејзините падини има рударска населба Шула.

Литература

Надворешни врски

Категорија:Динариди Категорија:Планини во Црна Гора Категорија:Планини во Република Српска