Елдинген () — општина во округот Целе, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Географија Местоположба
Низ општината тече потокот Лутер, во кого се влеваат Шмалвасер и Кетелбек. На југоисток општината се граничи со реката Лахте.
Соседни општини
Штајнхорст (оддалеченост: 4,5 км) Беденбостел (оддалеченост: 6,7 км) Ансбек (оддалеченост: 7,7 км) Ешеде (оддалеченост: 7,9 км) Лахендорф (оддалеченост: 9,3 км)
Општински единици
Елдинген се состои од следниве места: (во заградите бројот на жители, 2005 г.)
Елдинген (995) Баргфелд (188) Гребсхорн (164) Хезе (54) Хонхорст (258) Лутерн (83) Мецинген (360) Воленроде (343) Цигелај (68)
Историја
Првото спомнување на Елдинген е од 1231 година во документ со печат. Ја потврдува продажбата на црквата во Елдинген (Elthinge) од соседниот манастир.24, Document 62. Lower Saxony Regional Archives, Wolfenbüttel.
Селото станало протестантско во 1543 година.
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Целе (округ)