Евгенија Максимовна Руднева (), позната и како Женја Руднева (Женя Руднева) ( – ) беше советски воен воздухопловен навигатор, Херој на Советскиот Сојуз, член на Московскиот огранок на Астрономско-геодетското Друштво на СССР и шеф на Одделот за сончева енергија.
Ран живот Евгенија Максимовна Руднева е украинка, родена во семејство на канцелариски работник. До октомври 1941 завршува три години образование на Факултетот за механика и математика при Московскиот Државен Универзитет, кога волонтира за да ѝ се придружи на Советската Армија. Станува член на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз во 1943 година.
Втора светска војна По придружувањето кон Црвената Армија во 1941 година, Руднева завршува обука за навигатор на училиштето за навигатори Енгелс и влегува во борба во мај 1942 година. Служи со чин на постар поручник на женскиот 588. Ноќен бомбашки полк, кој подоцна е преименуван во 46. Таманска гарда на ноќен бомбашки полк (325. Ноќна бомбашка воздухопловна дивизија, 6. воздухопловна армија, Втор Белоруски фронт).
Прелетува 645 ноќни бомбашки мисии на стариот и бавен двокрилен авион Поликарпов По-2, уништувајќи мостови, возови со трупи, трупи и воена опрема на непријателот. За време на војната лета на бомбашки мисии на Транскавказкиот, Северно-кавказкиот и 4. Украински фронт, како и во битките за полуостровите Таман и Керч.
Нејзиниот авион е соборен од противвоздухопловна артилерија и го губи животот заедно со нејзиниот пилот Пана Прокофјева во северните делови на Керч.
Лични погледи Во писмо до професорот Сергеј Блажко, шеф на Одделот за астрометрија при Московскиот Државен Универзитет, на 19 октомври 1942 година, пишува дека првата бомба фрлена над Нацистите ќе биде одмазда за бомбардирањето на Факултетот за механика и математика во зимата. Пишува дека ја брани честа на Универзитетот.
Награди и почести Херој на Советскиот Сојуз (26 октомври 1944, посмртно) Орден на Ленин Орден на Црвеното Знаме Орден на Црвената Ѕвезда Орден на Патриотската Војна, прва класа
Споменици во нејзина чест се подигнати во Москва, Керч и населбата Салтиковка (во Московската област). Астероидот 1907 Руднева, училиште во Керч, улици во Бердјанск, Керч, Москва и Салтиковка се исто така именувани по неа.
Поврзано
Список на хероини на Советскиот Сојуз Татјана Макарова Вера Белик Ноќни вештерки
Наводи
Библиографија
Надворешни врски Rudneva monument in Kerch (in Russian) Article and photo, on the website of the Moscow State University, in Russian. Biography, on the website, dedicated to Heroes of the Soviet Union and Russia
Категорија:Родени во 1920 година Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Пилотки Категорија:Советски воени пилоти Категорија:Херои на Советскиот Сојуз Категорија:Соборени пилоти Категорија:Советски пилоти во Втората светска војна Категорија:Украински пилоти Категорија:Ученици на Московскиот Државен Универзитет Категорија:Пилоти загинати во авионски несреќи Категорија:Жртви на авионски несреќи во Советскиот Сојуз Категорија:Украинки во Втората светска војна Категорија:Руски навигатори Категорија:Советски војници убиени во Втората светска војна Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Добитниви на Орденот на Црвеното Знаме Категорија:Добитници на Орденот на Патриотската Војна, прва класа Категорија:Луѓе од Бердјанск Категорија:Украински пилотки Категорија:Носители на Орденот на Црвената ѕвезда Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме Категорија:Апсолвенти на Московскиот државен универзитет Категорија:Родени во 1921 година Категорија:Носители на Орденот на Татковинската војна од I степен