Јаспер Филипсен (; р. ) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа .
Кариера
Во јули 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2019. Во октомври 2020 година бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2020, каде ја освоил етапата 15. Учествувал на својот втор Тур де Франс во 2021 и иако не освоил ниедна етапа, имал многу ветувачки резултати, вклучувајќи места на подиум неколку пати. Возел на Вуелта а Еспања 2021, каде освоил две етапи. Исто така ја носел маичката за бодовен пласман на неколку етапи, за која се борел со Фабио Јакобсен, пред да одлучи дека имал успешна трка и да реши да се повлече на половина трка поради слаба треска.
Рано во сезоната 2022 го освоил бодовниот пласман и две етапи на Трката ОАЕ. Потоа, го освоил бодовниот пласман и етапа на Трката околу Турција и етапа на Трката околу Белгија.
Настапил на Тур де Франс 2022 каде екипата целела на етапни победи за Филипсен и за Матје ван дер Пул. Филипсен првично мислел дека ќе ја освои четвртата етапа, но Ваут ван Ерт ја изненадил главната група и нападнал додека ја носел жолтата маичка. По Алпите добил шанса да ја освои етапата 15 откако последниот возач од бегството бил достигнат во завршниот километар. Успеал да биде пред претходните етапни победници Ван Ерт и Мадс Педерсен со што ја освоил првата етапна победа за екипата на трката. По етапата Тадеј Погачар пришол во приватниот простор на екипата надвор од печатот и публиката за да му честата на неговата прва победа во кариерата на Тур. Неговата втора етапна победа дошла на последниот ден во Париз, каде ги претекнал другите во борба за етапната победа.
Достигнувања
2015 1. 20п Национално јуниорско хронометарско првенство 2016 1. 20п Национално јуниорско хронометарско првенство 1. Е3 Харелбеке јуниори 1. Класик Гвидо Рејбрук 2017 1. 20п Краен пласман Триптих на планините и замоците 1. Етапа 2 1. Париз-Тур за млади Џиробио 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 4 1. Етапа 2 Тур Алзас 1. Етапа 5 Трка Олимпија 2. Трка околу Фландрија за млади 2. ЗЛМ Тур 2018 1. 20п Краен пласман Триптих на планините и замоците 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Гилне Гутуер 1. Етапа 4 Трка околу Јута 1. Етапа 3 Џиробио 3. Три дена Де Пане 4. Тур де л’Еурометропол 4. Париз-Рубе за млади 5. Дорпеномлоп Рукфен 6. ГП Џеф Схеренс 7. Гран при д’Исберг 8. ГП Импанис-Ван Петегем 9. ГП Лилехамер 2019 1. Етапа 5 Тур Даун Андер 2. Гран При де Фурмје 2. Хејстсе Пејл 3. Нокере Курсе 3. Елфстеденронде 3. Бриселски велосипедски класик 5. Дварс дор хет Хагеланд 6. Краен пласман Трка околу Белгија 9. Схелдепрејс 2020 1. Етапа 15 Вуелта а Еспања 1. Етапа 1 БинкБенк Тур 1. Етапа 3 Тур ди Лимузен 1. 20п Спринтерски пласман Тур Даун Андер 5. Схелдепрејс 5. Бриселски велосипедски класик 9. Дрејвенкурс Оверејсе 2021 1. Ешборн-Франкфурт 1. Схелдепрејс 1. Гран при де Денен 1. Фландриско првенство 1. Париз-Шони Вуелта а Еспања 1. Етапа 2 1. Етапа 5 Трка околу Турција 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 6 1. Етапа 7 2. Класик Брухе-Де Пане 2022 1. Омлоп ван хет Хутланд 1. Париз-Бурж Тур де Франс 1. Етапа 15 1. Етапа 21 Трка ОАЕ 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 5 Трка околу Турција 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 3 1. Етапа 4 Трка околу Данска 2. Минстерланд Џиро 2. Гоиксе Пејл 3. Национално друмско првенство 4. Дрејвенкурс Оверејсе 6. Класик БЕМЕР 6. Гран при де Валони 8. Краен пласман Трка околу Белгија 1. Етапа 2 8. Схелдепрејс
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2019 2020 2021 2022 20п Џиро———— 20п ТурСО—10992 20п Вуелта—85СО—
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1998 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Белгиски велосипедисти Категорија:Белгиски етапни победници на Тур де Франс Категорија:Белгиски етапни победници на Вуелта а Еспања