Заградец () — село во Мала Преспа, Албанија, во рамките на општина Девол во областа Горица.
Географија и местоположба Селото е сместено на јужниот брег на Малото Преспанско Езеро.
Историја Селото се споменува во отомански дефтер од 1530 под името Заградише со 35 христијански семејства, 3 неженети и 3 вдовици. Освен христијанското, биле евидентирани и 3 муслимански семејства и 1 неженет.
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Заградец имало 8 куќи на Албанци муслимани.
Демографија
ГодинаНаселение 1926 44 1945 96 1960 165 1969 187 1979 202 1989 224 2000 242
Наводи
Категорија:Села во Албанија Категорија:Девол