Полни џебови со чуда (англиски: Pocketful of Miracles) - американски филм од 1961 година, во режија на Френк Капра по сценариото на Хал Кантер и Хери Тјугенд. Главните улоги ги играат: Глен Форд, Бет Дејвис, Хоуп Ланг, Ен-Маргрет итн. Во 1962 година, филмот имал три номинации за наградата „Оскар“, и тоа: за најдобра споредна машка улога, за костимографија и за оригинална музика. Исто така, филмот ја освоил наградата „Златен глобус“ за најдобар глумец (Глен Форд) и за нова надеж (Ен-Маргрет), а бил номиниран и во категориите: најдобар филм/комедија и најдобра глумица (Бет Дејвис).HRT (пристапено на 13.1.2019)

Синопсис Њујоршкиот гангстер (го игра Форд) и неговата девојка (ја игра Ланг) се обидуваат да ја претворат уличната продавачка Ени (ја игра Дејвис) во дама. Нејзината ќерка (ја игра Ен-Маргрет), која студира во Европа, ѝ јавува дека ќе се мажи за еден аристократ, но пред тоа ќе дојде во Њујорк. Кога идниот младоженец и татко му, шпански гроф, доаѓаат во Њујорк за свадбата, Ени се соочува со големи проблеми како лажно да се претстави пред грофот. Заа таа цел, гангстерот ги ангажира неговите помошници да глумат угледни личности кои се поканети на свадбата, но полицијата го опколува хотелот, сакајќи да го уапси ганстерот. Тогаш, Ени паѓа во очај и се обидува на грофот да му ја соопшти вистината - дека таа е нечесна жена, која не знае кој е таткото на нејзината ќерка. Меѓутоа, тој успева да се договори со градоначалникот и со гувернерот, кои доаѓаат на свадбата, оставајќи голем впечаток врз грофот. Така, Ени успева да го спаси својот углед.HRT (пристапено на 13.1.2019)

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на United Artists Категорија:Филмови на Френк Капра Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови со Бет Дејвис Категорија:Филмови со Глен Форд Категорија:Филмови со Ен-Маргрет Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1961 година Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Њујорк