thumb|right|300п|Процент на прифатеноста на хомосексуалноста во друштво, Pew Global Attitudes Project 2013 Хомофобија е поим кој опфаќа широк опсег на негативни ставови и чувства кон хомосексуалноста или луѓето кои се идентификуваат или се перцепираат како лезбејки, геј, бисексуалци или трансродови (ЛГБТ). Се дефинира како вид на презир, предрасуда, аверзија, омраза или антипатија, заосновано врз ирационален страв и незнаење, а честопати се поврзува со религиски убедувања.*
"European Parliament resolution on homophobia in Europe", Texts adopted Wednesday, 18 January 2006 – Strasbourg Final edition- "Homophobia in Europe" at "A" point
Хомофобијата е присутна во критичкото или насилно однесување како дискриминацијата или насилството врз основа на половата определба која е не-хетеросексуална. Се издвојуваат различни видови на хомофобија како институционализираната хомофобија, на пример религиска хомофобија и државно-спонзорирана хомофобија, или внедрената хомофобија, која ја доживуваат луѓе со истополова привлечност, без разлика на нивниот идентитет.
Негативните ставови кон ЛГБТ лицата имаат слични, но конкретни имиња: лезбофобијата е пресек помеѓу хомофобија и сексизам насочена кон лезбејките, гејфобија e одбивноста или омразата кон геј мажите, бифобијата се однесува на бисексуалноста воопшто, а трансфобијата ги издвојува стравовите побрзани со трансродовоста и транссексуалните луѓе, како и неконформираните родови улоги.
Видови Во пошироката литература и општиот консензус се разликуваат неколку видови на хомофобија:
Институционална хомофобија: која доаѓа од организираните религии или државата. Хомофобија кај хетеросексуалците: за разлика од хомосексуалците, хетеросексуалците не поминуваат низ развоен период на сомнеж во својата сексуалност; затоа хомофобијата е социјален конструкт изграден врз идејата дека хетеросексуалноста е примарна и „нормална“, а сè што закривува од она што е право (стрејт), е стигматизирано и отфрлено. Без разлика дали хетеросексуалната врска е пријатна, среќна и задоволувачка или не, хомосексуалната група е честопати гледана со морална супериорност, поаѓајќи од чувството на „нормални“ мажи и жени: хомофобијата ја „спасува“ хетеросексуалноста од хомосексуалноста. Хомофобијата служи и за тривијализирање на хомосексуалноста, облекувајќи ја во стереотипи, претворајќи ја во карикатура, трансформирајќи ја во пародија на љубов и секс. Хомофобија кај хомосексуалците или внедрена хомофобија: хомофобијата, парадоксално, е многу честа кај хомосексуалните луѓе; се пројавува на различни начини во текот на животот. Иако се чини дека нема директно одбивање, тоа често се манифестира индиректно. Кога некое лице ги отфрла сопствените желби, чувства и вкусови, тоа влијае на различни области од нивниот живот и нивните меѓучовечки односи, нивниот сексуален живот, па дури и физичкото и емоционалното здравје. Слично на тоа, може да предизвика слаба самодоверба, замор, стрес и депресија. Исто така, доведува до слаба комуникација и репресија на емоциите. Научена хомофобија: во овој случај, научената хомофобија е онаа што се јавува врз основа на улогата што општеството ја наметнува над улогата на хомосексуалецот; општеството предлага хомосексуалците да се однесуваат на одреден начин, да имаат „поинаков“ начин на живот и хомосексуалците се тие кои го репродуцираат ова однесување што го научиле, односно ги внедруваат и спроведуваат однесувањето и улогата што општеството ја очекува од нив. Овие однесувања се научени, наметнати, вродени и имитирани. Хомосексуалците треба да научат да ги доведуваат во прашање стереотипите и општествените улоги. Хомосексуалците не се промискуитетни, нестабилни и важно е критички да се доведат во прашање за да се ослободат од етикетите.
Поврзано
Хетерофобија
Наводи
Категорија:Предрасуди Категорија:Фобии Категорија:Психијатрија Категорија:Омраза Категорија:Малтретирање