Бапчор (, Вапсори; по 1955 г. Ποιμενικό, ПименикоΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βαψώριον - Ποιμενικόν) — поранешно село во Општина Костур во Костурскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција. Од селото денес е останата само црквата „Св. Ѓорѓи“.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 15 км североисточно од градот Костур и Костурското Езеро, во историско-географската област Пополе, во падините на Нередска Планина. Лежи на надморска височина од 1.250 м.
Атарот на Бапчор запфаќал површина од .
Историја
Според месните преданија, Бапчор настанало од жителите на населбите Ровици, Круша и Козјак — најверојатно во средниот век. Своето име селото го добило од зборот бач, односно старешина на бачило. За време на османлиското владеење селото било место каде се криеле ајдутите. Во XVI век селото било дервенџиско. Според Христофор Ѕавела, животот во селото бил особено активен во XV-XVI векТзавелла, Христофор. Дневник на Костурския войвода Лазар Киселинчев, София, 2003, стр. 308.. Во XV век во селото имало 87 глави на семејстватаГандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989..
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бапчор се состоело од 100 семејства и 310 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109. Во есента на 1876 г селото било нападнато од албански разбојници, но нападот бил одбиен од месните селаниХристов, Наум. Моята автобиография, стр. 10.. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900. Бапчор имало 1080 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265..
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бапчор се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 170 куќи.
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото живееле 1360 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 180-181..
Планинската месност Калето кај Бапчор претставувало традиционално место на летни пасишта на Каракачаните, наречени во месниот дијалект саракачани. До Втората светска војна пасиштата во калето се користеле од Каракачани од Берско, Халкидик и од околината на ЛарисаШклифов, Благой. Пастирската лексика в района на Вич планина (Костурско - Леринско), София 2000, стр. 21..
Во 1881 г. наставникот Наум Христов од село Неволани, Леринско започнал да предава во месното училиште. Во 1892 г во селото имало македонско училиште, како и црква и црковно-училишна управаПоповски, Търпо. Македонски дневник, София 2006, стр. 42..
Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало од страна на османлиските војски. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 г., во селото на 22 август биле убиени Илија Т. Постолов (30 г.), Коста Пеов (25), Тодор Ставрески (50), Киријако Н. Жајков (60), Ѓорѓи Стојчев (50), Гиле Т. Гилев (20), Танас П. Стојчев (50), Ѓорѓи И. Огненев (60), Танас М. Гечов (60), Иван Т. Марковски (60), Дине И. Марковски (30), Јане М. Димов (60), Леко М. Димов (50), Васил Ф. Миленцев (18), Фило М. Кочов (79), Иван М. Кулавсов (60), Колевица Белчева (40), Зисовица Ставреска (70) и Елена Стасева (2).Чекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 година, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001, стр. 292. Запалени се и 13 селски куќиИлюстрация Илинден, 1943, бр.141, стр. 16.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 г. биле евидентирани 1216 жители, додека на пописот од 1920 г., во селото биле евидентирани 959 жители.
Миграцијата на жителите на селото во САД била масовна по крајот на Илинденското востание. Миграцијата продолжила и во текот на двете светски војни. Една од најстарите колонии на Македонците во САД е таа во Форт Вејн, Индијана која била основана од доселеници од Костурско. Во 1912 г. преселениците од Бапчор го основале во Форт Вејн своето благотворно друштво наречено "Вич". Друштвото ги помагало со значителни средства своите соселани во Бапчор. Во 1932 г. дел од емигрантите создале и своја гранка на компанијата и во градот Рочестер, држава Њујорк. Во меѓувреме, во 1921 г. емигрантите од Бапчор учествувале во формирањето на братството Костур во Форт Вејн, кој бил домаќин при формирањето на Македонската патриотска организација во октомври 1922 г.
По крајот на Грчката граѓанска војна, селото целосно се распаднало. Населението на селото било принудено да побегне кон Македонија, додека еден дел заминале кон социјалистичките земји од Источна Европа. Грчките власти по нормализација на состојбата не го обновиле селото, додека пространите и богати пасишта кои биле во сопственост на македонските селани им бил доделен на грчки селани кои биле доселени од Епир. Иако ненаселено, името на некогашното село било преименувано во Пименико, што во македонски превод значи сточарска населба.
Од селото денес е останата само црквата „Свети Ѓорѓи“, изградена 1774–5 г. Долго време била напуштена, со заѕидана врата, за да не служи како прибежиште за бесправни преселници од Албанија. Во 2018 г. цркавата е обновена и преосветена од митрополитот Серафим Костурски.
Демографија
Во 1928 година селото броело 839 жители., додека во 1940 година селото броело 854 жители.
Година18861900190519131920192819401951Население 1.000Παψόρι Καστορίας: «Χωρίου έχοντος 1.000 χριστιανούς, εκκλησίαν, σχολείον αρρένων, 2 χάνια και κρήνας» [Σχινάς 1886] 1.080Бабчоръ / Костурска Каза, 1.080 χριστιανοί Βούλγαροι [Кънчов 1900]. 1.360D.M.Brankoff, Γραμματέας του βουλγαρικού εξαρχάτου (ως συνάγεται τα στοιχεία είναι διογκωμένα σε σχέση με το 1900). «Εξαρχικό χωριό», αν και το 1902 [πριν από την ένοπλη φάση του Μακεδονικού αγώνα 1904-1908 οι 70 από τις 177 οικογένειες ήταν πατριαρχικές [Γούναρης] 1.216 Απαρίθμηση 959Ελληνική απογραφή 1920, σελ. ξ' Πίνακας 2* 839Ελληνική απογραφή 1928, σελ. 287Ομοδημότες 839, ετεροδημότες 5, δημότες που απογράφτηκαν αλλού 54, ήτοι σύνολο 898. Κανένας πρόσφυγας του έτους 1922 854Ελληνική απογραφή 1940, σελ. 51Νόμιμος πληθυσμός 918 κάτοικοι έναντι των 854 απογραφέντων 0Ελληνική απογραφή 1951, σελ. 271
Личности Ѓорѓи Доневски Никола Марковски - револуционер Коле Манев - македонски сликар и режисер Георги Панчовски десно|мини|Атанас Јанакиев Марковски Атанас Пејков Атанас Попниколов (1883 - ?) Атанас Јанакиев (1893 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 815. Атанас Марковски (1860 - 1934) Васил Шамановски Васил Цигулевски (? - 1947) Георги Доневски Георги Консолов (? - 1949) Димитар Чембера (1868 - 1931) Зисо Попов (Живко Попов) (1882 - 1944) Иван Трифонов (1893 - ?) Илија АтанасовМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 64. Коста Танасов Манов (1914 - ?) Наум Гркинов (1900 - 1976) Наум ИлиевΜάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 88. Никола Марковски (1883 - 1966) Никола Филипов (1869 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 744. Митре Недин поп Јанаки Марковски (? - 1912)
Култура
Бапчорките се женска вокална група која негуваат изворна македонска музика од Бапчор. Посебно карактеристично за нивните изведби се полифоното пеење. Оваа група е формирана во 1970-те во Радиотелевизија Скопје и благодарение на нив е сочуван дел од фолклорот од егејскиот дел на Македонија.
Поврзано Црква „Св. Ѓорѓи“
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Вич