Бабин Заб – врв на Баба Планина. Висок е 1.850 метри и се наоѓа западно од Битола, над селото Брусник.

Искачување Теренската уникатност при искачувањето на Бабин Заб изобилува со природна раскошност и неповторлив поглед кој се отвора кон поголем дел од масивот Баба со нејзиниот главен врв Пелистер.Бабин Заб - тивкиот убавец на Баба Планина, 10без10

Се тргнува од Битола накај Брусничка населба, оттаму по асфалт до селото Брусник. Од селото се тргнува по прилично обрасната патека која е делумно маркирана на одредени места. Првиот дел од патот е најубав, искачувањето, по Брусничка Река, низ букова шума. На околу 30 минути над селото ја има една од најинтересните чешми која може да се сретне. Водата извира од под една голема карпа, и со тек на време има прокопано доволно колку да се влезе под карпата.

После околу еден час пешачење се прогледува Бабин Заб и почнува зимзелена шума. По петнаесетина минути одење се отвора поглед кон Пелистер, и за триесетина минути се стигнува на врвот. Тука се отвора поглед кон Неолица, Скрково и Муза. Искачувањето може да продолжи кон Неолица или кон Орлови Бари и Големото Езеро.

Наводи

Категорија:Врвови во Македонија Категорија:Врвови на Баба Планина