Хореоатетоза е појава на несакани движења во комбинација на хореа (ирегуларни мигрирачки контракции) и атетоза (извртување и кршење).
Таа е предизвикана од многу различни болести и агенси. Исто така е и симптом на неколку болести, вклучително и Леш-Нихан синдром , фенилкетонурија и Хантингтонова болест .
Хореоатетозата е исто така честа појава на дискинезија како пропратен ефект на леводопа-карбидопа во третманот на Паркинсонова болест.
Наоди
Категорија:Болести на нервниот систем