Чедо Јакимовски ― македонски поет роден во Кратово на 22 февруари 1940. Починал во Скопје на 12 јануари 1993 година.

Тој бил член на Друштвото на писателите на Македонија од 1966 година. Тој бил автор на книгите „Нарциса“ (1966), „Лажно море“ (1971), „Халеевата Комета“ (1985).

Сродни по тема и стил му се проколнатите поети.

Секоја година во негова чест е доделувана наградата „Нарциса“ за придонеси во поезијата. Од 2007 година во Кратово, започнало чествување на Чедо Јакимовски.

Преведуван е на неколку светски јазици.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 105.

Лесновските ѕвона

Која ѕвезда згаснала ноќва па безумно грмат Лесновските ѕвона Дали е непознат празник на мртвите што се креваат и со бела срма ги китат просторите заспани и празни

О дали во мене се буди заспаното море и како прастаро животно низ жилите ми скита Се е затворено Пат ни долу ни горе Ни во себе ни од себе Само како сенка ита

низ моето изгнанство една чудна тага и лесновските борови ги кити со сјај вечен Јас од младоста изгубив секоја трага Се е затворено и секој збор е речен.

Да не умрел некој ноќва па безумно ѕвонат лесновските ѕвона (Сред беспаќе изгубен стојам) Додека живите чудни соништа сонат на исток згасна и ѕвездата моја.

Наводи

Категорија:Родени во 1940 година Категорија:Починати во 1993 година Категорија:Луѓе од Кратово Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски поети Категорија:Југословенски поети Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“