Овен Даниел Дул (; р. во ) — велшки професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .
Дул е насочен кон екипната потера во велодромскиот велосипедизам и го освоил златниот медал во дисциплината на Летните олимписки игри 2016; со тоа станал првиот Велшанец кој освоил олимписко злато.
Кариера
мини|лево|Дул на Трката околу Британија 2015, каде завршил трет и го освоил бодовниот пласман
Дул е роден и пораснал во Кардиф, Велс Како дете бил одличен спортист и играл рагби како ученик, но и возел велосипед за Мејнди Флајерс.
Во 2010 година бил избран од британската федерација за олимписката развојна програма, заедно со велшките велосипедисти Ејми Робертс и Елинор Баркер. Роберт и Баркер, исто така, биле дел од репрезентацијата на Велс на Комонвелтските младински игри 2011 на Островот Ман. Дул освоил два медала на игрите, сребрен во друмската трка и бронзен со Ден Пирсон во екипната друмска трка. Во 2012 година, Дул ја завршил олимписката развојна програма и бил прифатен во академијата на британската федерација.
Првиот настап на Дул за Велика Британија бил на Светското велодромско првенство 2013 во Минск, каде завршил петти во скреч. Негов прв подиум бил на Европското велодромско првенство во Апелдорн, каде бил дел од екипната потера, освојувајќи злато заедно со Стивен Барк, Ед Кленси и Енди Тенант.
Дул по европското злато бил дел од екипата за екипна потера и на Светсккиот куп во Манчестер, каде екипата, исто така, го освоила златото. Потоа, во декември 2013 година, освоил уште два медала во вториот настап во Светскиот куп, овој пат во Агваскалиентес, Мексико. Повторно бил дел од екипната потера, која го освоила бронзениот медал и потоа го освоил првиот поединечен медал во дисциплината скреч.
мини|лево|Дул (десно) со неговиот олимписки златен медал во 2016 година
Дул станал професионалец во друмската сезона 2014 со екипата . Дул го претставувал Велс на Комонвелтските игри 2014 во Глазгов.
Во 2015 година, Дул се преселил во новата екипа создадена од Бредли Вигинс со цел да ги подготви британските возачи за екипната потера на Летните олимписки игри, одбивајќи ја понудата целосно да се префрли во друмски велосипедизам од екипата . Во септември 2015 година, Дул завршил трет на Трката околу Британија и го освоил бодовниот пласман. Во ноември 2015 година, ДУл потврдил дека ќе остане со за сезоната 2016, додека во мај 2016 година било објавено дека ќе се приклучи на на двегодишен договор од 2017 година. Во август 2016 година, Дул потпишал со како стажант за остатокот од сезоната.
Дул бил назначен како член на Редот на Британската Империја (MBE) во новогодишните прогласувања 2017 за заслуги во велосипедизмот. Дул ја започнал сезоната 2018 со настап на Тур Даун Андер.
Во август 2019 година е именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2019.
Достигнувања Велодромски велосипедизам
2010 Национални јуниорски првенства 1. 20п Бодовна трка 2. Медисон 3. Поединечна потера 2011 Европски јуниорски првенства 1. 20п Екипна потера 2. 15п Поединечна потера 3. 15п Омниум 1. 20п Национално првенство - екипна потера Национални јуниорски првенства 1. 20п Медисон (со Џонатан Дибен) 1. 20п Бодовна трка 2. Поединечна потера 2. Скреч 1. Шест дена Гент идни ѕвезди (со Сајмон Јејтс) 2012 Национални првенства 1. 20п Поединечна потера 1. 20п Екипна потера 2. Бодовна трка 3. Медисон (со Џорџ Аткинс) 2013 1. 20п Европско првенство - екипна потера Светски куп 1. 15п Екипна потера (Манчестер) 1. 15п Скреч (Агваскалиентес) 3. 15п Екипна потера (Агваскалиентес) 2014 1. 20п Европско првенство - екипна потера Светски куп 1. 15п Медисон (со Марк Кристијан) (Лондон) 1. 15п Екипна потера (Лондон) 2015 1. 20п Европско првенство - екипна потера 2. 15п Светско првенство - екипна потера 2016 1. 15п Олимписка екипна потера 2. 15п Светско првенство - екипна потера 2019 2. Шест дена Лондон (со Марк Кевендиш)
Друмски велосипедизам
2010 1. 20п Бодовен пласман Трка околу Велс за јуниори 2. Национално јуниорско друмско првенство 2011 Младински Комонвелтски игри 2. 15п Друмска трка 3. 15п Екипна друмска трка 4. Хронометар 2013 1. 20п Бодовен пласман Ан Пост Рас 2. Национално друмско првенство под 23 години 4. ЗЛМ Тур 2014 1. 20п Краен пласман Триптих на планините и замоците 1. Етапа 3 2. Национално хронометарско првенство под 23 години 4. Трка околу Фландрија за млади 2015 Национални првенства под 23 години 1. 20п Друмска трка 2. Хронометар Флеш ди Сид 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 3 1. Етапа 4 2. Краен пласман Триптих на планините и замоците 1. 20п Бодовен пласман 2. Ла Кот Пикард 3. Краен пласман Трка околу Британија 1. 20п Бодовен пласман 5. Светско хронометарско првенство под 23 години 7. Краен пласман ЗЛМ Тур 10. Краен пласман Тур де Норманди 10. Трка околу Фландрија за млади 2017 3. 15п Светско првенство во екипен хронометар 7. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант 9. Краен пласман Трка околу Британија 2018 3. Национално друмско првенство 2019 1. Етапа 3 Хералд Сан Тур 2. Курне-Брисел-Курне 4. Национално хронометарско првенство 9. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“ 2020 1. Етапа 4 Тур де ла Прованс 2021 1. Етапа 3 (TTT) Трка околу Британија 2022 7. Комонвелтски игри - хронометар
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2019 2020 2021 2022 20п Џиро———СО 20п Тур———90 20п Вуелта70———
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1993 година Категорија:Британски велосипедисти Категорија:Велшки велосипедисти Категорија:Велодромски велосипедисти Категорија:Луѓе од Кардиф Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Олимписки велосипедисти на Велика Британија Категорија:Освојувачи на златни олимписки медали за Велика Британија Категорија:Олимписки медалисти во велосипедизам Категорија:Членови на Редот на Британската Империја