Сентеш () — град во Унгарија. Сентеш по големина е трет град во кругот на Чонград. Според податоците од 2008 година, градот имал 29.444 жители.
Градот Сентеш се наоѓа во јужниот дел на Унгарија. Од првиот голем град, Сегед, градот е околу 50 км северно. Градот се наоѓа во централниот дел на Панонската рамнина, на реката Тиса.
Историја Во Сентеш се одржувале три летни саеми, на 24 април 22 јуни и 21 септември."Сербска пчела", Пешта 1837. године Во Сентеш, во 1867 година, бродот „Ѓула“ кој бил во сопственост на Копач, бил натоварен со 6102 мери жито. Товарот што го вршел трговецот Хајдук заминувал за Сисак, по реката Сава."Земунски гласник", Земун 1867. године На грчките трговци „од Македонија“ им било понудено да се населат во Унгарија, каде што во 18 век, нивните православни цркви биле изградени во Сентеш и Кечкемет. Во 1893 година, овде се крстил познатиот српски писател Милош Црњански."Политика", Београд 1923. године
Население Според проценките од 2017 година, во градот имало 27.266 жители.
Збратимени градови со Сентеш се: Бачка Топола, Србија Буњол, Шпанија Думбравица, Романија Карина, Финска Маркгренинген, Германија Санкт Августин, Германија Скерневице, Полска
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Градови во Унгарија