Ристо Самарџиев (р. во ) — македонски пејач и текстописец.

Животопис

Ристо Самарџиев ја започнал својата музичка кариера кога имал 16 години. Тој бил еден од основачите на музичката група Цилиндар во 1981 година, која била една од првите рок њу-вејв бендови во Македонија. Тој исто така бил фронтмен на групата Хаос ин Лаос. Во 1987 година бил поканет да настапи на Макфест, најголемиот музички фестивал во земјата. Песната што ја извел, „Чили Вили“ потоа станала хит во Македонија. По тој настап продолжил да работи самостојно, да се појавува на фестивалите, а потоа станал и вокалист на Меморија. Тој го има освоено четири пати првото место на Макфест како изведувач, а исто така напишал и песни за други пејачи. Во 2009 година победил на Охридскиот фестивал во дует со Влатко Илиевски со песната под наслов „За љубов се пее крај“. Тој, исто така, учествувал повеќепати на македонските национални избори за натпреварот за песна на Евровизија.

Наводи

Надворешни врски

Ристо Самарџиев на Facebook Ристо Самарџиев на last.fm Ристо Самарџиев на Discogs

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски поп-пејачи Категорија:Меморија (музичка група)