мини|Добош торта Добош торта е една од најпознатите торти во светот и најпозната унгарска торта. Се прави од 6-8 тенки кори, филувани со чоколаден крем со глазура од карамел. Иако со својата форма може да потсети на добош, односно тапан, називот не е даден по инструментот, туку по својот творец Јожеф Ц. Добош, познат унгарски слаткар.

Историја Јожеф Ц. Добош бил сопственик на најпозантата сласткарница во Будимпешта. Освен квалитетни слатки, колачи и торти, продавал и фини сирења и вина. Зад себе оставил повеќе книги и неколку технички изуми за помош во кујна, но благодарение на тортата станал славен.

Тортата ја претставил на Националната изложба во Будимпешта во 1885 година. Меѓу први ја пробале австроунгарската крлица Елизабета и нејзиниот сопруг Франц Јосиф.

Целосно поинаква од традиционалните торти брзо ги освоила срцата на луѓето и станала позната во Европа, а после тоа и во целиот свет. Помеѓу воодушевените, но и завидливи слаткари, биле создадени дури 120 рецепти, од кои ниту еден не се приближил на изворниот рецепт. Добош долго ја чувал тајната на својот рецепт, но како пензионер во 1906 година, го подарил оригиналниот рецепт на Здружението на слаткари на Будимпешта.

Подготовка

Добош торта е создадена долго да остане свежа, вкусна и погодна за транспорт во тогашни услови без разладни уреди. Една од специфичностите на добош тортата се тенките кори. Тие треба да сепечат на подмачкан и набрашета хартија за печење, а хартијата треба да се стави на задната страна на калапот за торта. За секоја кора потребно е околу три лажици тесто. Филот е прв прав чоколаден фил во историјата на сласткарството, и се прави од чоколада, путер и јајца. Глазурата од пржен шеќер не се прелива директно по тортата, туку на хартија и се засекува на парчиња за подоцна тортата полесно да се сече, па , кога ќе се олади глазурата, се става на тортата. По таа прочуена глазура добош тортата и се разликува од било која друга торта.

Наводи

Поврзано Торта

Надворешни врски

Рецепт за Добош торту

Категорија:Унгарска кујна Категорија:Српска кујна Категорија:Слатки Категорија:Торти